Терапија со рузмарин: спречете го губењето и забрзајте го растот на косата

Губењето на косата (алопеција) е чест проблем, кој е повеќе изразен кај мажите отколку кај жените, а може да биде предизвикан од многу фактори: генетски фактор, хормонален дисбаланс, кожна болест, проблеми со тироидната жлезда, недостаток на хранливи материи во исхраната, хроничен стрес, јаки бои и други хемикалии за коса, несакани ефекти на одредени лекови.

рузмарин

Природното губење на косата обично се јавува како последица на процесот на стареење, кога фоликулите се намалуваат и произведуваат потенка коса со пократок животен век. Сепак, постојат одредени начини за да се забави процесот на губење на косата, а од друга страна да го забрза нејзиниот раст. Истражувањата покажале дека рузмаринот е прилично добар, a тоа се должи на неговата улога во зголемувањето на циркулацијата на крвта во организмот.

За да го стимулирате растот на косата, применете некој од следните природни третмани.

Ставете масло од рузмарин во шампонот или регенераторот

За секојдневна нега на коса, во шампонот или регенераторот додадете етерично масло од рузмарин. Користете две капки масло од рузмарин за секои 30 мл шампон или балсам.

Користете го за масажа на скалпот

Направете масло за масажа на скалпот која го стимулира растот на косата. Во 30 мл масло од јојоба додадете две капки етерично масло од рузмарин. Со вака подготвена комбинација на масла масирајте ја главата нежно околу три минути пред миење на косата.

Еднаш неделно направете третман со врело масло од рузмарин

Еднаш неделно практикувајте да направите третман со топло масло. За овој третман ќе требаат 50 мл масло од јојоба или бадемово масло и пет капки масло од рузмарин. Маслата ставете ги во мала стаклена тегла со капак. Теглата ставете ја во тенџере со врела вода неколку минути за да може да се загрее масло. Потоа постепено масирајте ја главата со загреаното масло, неколку минути, а може да намачкате целата коса се до врвовите. Завиткајте ја главата во капа за туширање или во пластична кеса, а потоа прекријте ја главата со топла и влажна крпа. По 30 до 45 минути измиете ја косата со благ шампон (најдобро е да се користи бебешки шампон) и оставете ја да се исуши природно.

Етеричното масло од рузмарин не се препорачува за луѓе кои страдаат од висок крвен притисок.

Сподели: