Тинктура од камилица – како да направите и за што е корисна?

Билните тинктури во минатото се користеле како природен лек за ублажување на различни тегоби, од главоболки па сѐ до кожни заболувања. Нивната примена е актуелна до ден денес и тоа со право. Во оваа прилика ви презентираме рецепт за подготовка на тинктура од камилица која може да ја користите при несоница, болки и грчеви.

Може да ве интересира: Камилица – лек против многу болести.

тинктура од камлица

Зошто е корисна тинктурата од камилица?

Тинктурата е билен екстракт, во кој се сочувани лековитите масла на билките и на тој начин се продолжува лековитото дејство. Имајќи во предвид дека лековитите масла започнуваат да се губат со текот на чувањето, подготовката на тинктура е совршен начин да се зачуваат лековитите својства.

Придобивки од тинктурата од камилица:

  • го подобрува сонот
  • ја смирува нервната напнатост
  • ги намалува грчевите во мускулите
  • ги намалува болките
  • ги ублажува менструалните болки
  • ги намалува главоболките.

Како да направите тинктура од камилица?

Подготовката на тинктурата од камилица е едноставна. Потребни ви се суви цветови, вода и ракија.

Состојки:

  • 1 чаша суви цветови од камилица
  • 1 ½ чаша врела вода
  • 1 ½ чаша ракија.

Подготовка, начин на употреба и дозирање:

  1. Сувите цветови од камилица ставете ги во тегла од еден литар.
  2. Прелијте ги со врела водата. До врвот на теглата ставете ја ракијата и добро затворете ја со капак.
  3. Теглата ставете ја на темно и ладно место, а повремено протресувајте ја. Оставете ја за време од 4 до 6 месеци.
  4. Потоа процедете ја тинктурата низ чиста газа. Течноста чувајте ја во стаклена тегла или шише со капак.
  5. Се користи 1 лажица, еднаш до три пати на ден при различни тегоби – вознемиреност, лош сон, грчеви, ревматски болки и слично. Рокот на употреба алкохолните тинктури е неколку години.

Ви предлагаме да прочитате: Направи сам: Масло од камилица.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: