Насекаде се зборува за важноста на антиоксидансите. И тоа е со право! Сигурно досега сте прочитале или слушнале дека се многу важни за здравјето. Во таа насока ќе ве запознаеме со најважните 5 антиоксиданси и нивната улога во зачувување на здравјето. Па, ајде да започнеме!
Човековиот организам постојано е изложен на штетните влијанија од своето опкружување: смогот, алкохолот, хемиските средства, хроничните инфекции, стресни состојби… Научните истражувања потврдуваат дека при дејство на овие штетни и ризични фактори, во телото се создаваат слободни радикали, кои делуваат разорно на ткивата на организмот, така што го спречуваат нормалниот раст, развој и регенерација на клетките. Но, тука се антиоксидансите кои се вистински чувари на здравјето.

Што се антиоксиданси?
Антиоксидансите се супстанции кои ги заштитуваат клетките од штетното дејство на слободните радикали. Многу експерти веруваат дека слободните радикали придонесуваат за побрзо стареење, а исто така го зголемуваат ризикот развој на малигни болести, инфаркт и артериосклероза. Со цел да се заштитиме од дејството на слободните радикали се препорачува редовна консумација на храна и суплементи кои се богата со антиоксиданси.
Која е функцијата на антиоксидансите во телото?
Главната улога на антиоксидансите е да го штитат организмот од дејството на штетните радикали, а имаат повеќе функции како:
- Го забавуваат стареењето и го чуваат здравјето на очите
- Го намалуваат нивото на холестерол во крвта
- Го намалуваат ризикот од артериосклероза и штитат од срцев инфаркт и мозочен удар
- Помагаат за намалување на развојот на туморите и карциномите
- Помагаат во одбраната од штетните последици од чадот од цигарите
- Обезбедуваат заштита од хроничните, белодробни болести, како што се астма и бронхитис.
Топ 5 антиоксиданси за добро здравје и заштита од слободните радикали
Витаминот Е ја спречува оксидацијата на мастите и го штити организмот
Витаминот Е му помага на телото во создавањето на црвени крвни клетки, овозможува подобро искористување на витаминот К, го зајакнува имунолошкиот систем и помага во отстранувањето на респираторните проблеми. Исто така, тој е значаен витамин кој му помага на телото во борбата со канцерогените и срцевите заболувања и инфекциите.
Бета каротенот и витаминот А го поттикнуваат растот и развојот на клетките кои ја заштитуваат кожата и слузокожата
Во организмот витаминот А има повеќе улоги. Тој е познат значаен антиоксиданс, го спречува оштетувањето на клетките од слободните радикали и помага во зајакнување на имунитетот. Покрај тоа, тој учествува во контролата на растот и развојот на ткивата, особено коските и кожата. Познато е дека витаминот А помага за регенерирање на кожата од оштетувањата предизвикани од штетните УВ зраци, а е особено важен при третман на акни и мали брчки.
Витаминот Ц е познат по своите антибактериски и антиалергиски својства
Витаминот Ц во организмот има повеќе улоги, а ние ќе ги спомнеме најважните од нив. Тој учествува во градбата на протеините кои се значајни и неопходни за изградба на кожата, тетивите, лигаментите и крвните садови, помага за побрзо зараснување на раните, ја обновува и одржува р`скавицата, коските и забите, jа потпомага апсорпцијата на железото во организмот.
Експертите советуваат да се консумира доволно витамин Ц за силен имунитет и одлично здравје, а зошто тоа е така, прочитајте на линкот.
Селенот е минерал на долговечноста
Селенот од клучна важност за создавањето на белите крвни клетки. На тој начин значително ја зајакнува функцијата на имуниот систем и притоа му овозможува на организмот ефикасно да се бори против болестите и инфекциите. Освен тоа, игра и клучна улога во одржувањето на здравиот метаболизам. Во комбинација со витаминот Е, витаминот Ц и бета каротен, придонесува за намалување на нивото на лошиот холестерол.

Дознајте повеќе на оваа тема, на овој линк.
Од суплементите со селен, кои се достапни на нашиот пазар можеме да препорачаме Selenium од Now Foods. Тој е во комбинација со Витамин Е, Витамин Ц и бета каротен, кои претставуваат моќни антиоксиданси и ги штитат клетките од оштетување, нивно стареење и смрт. Повеќе информации за придобивките и начинот на користење на Selenium, прочитајте на веб страницата на Тримекс, од каде што може и да го нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000 или на e-mail: info@trimeks.com.mk
Совет плус: Доколку планирате да земате суплементи на база на селен, најпрво консултирајте се со вашиот доктор, бидејќи прекумерната количина на селен може да биде токсична.
Коензим Q 10 е чувар на срцето и младоста
Коензимот Q10 (CoQ10) е есенцијален елемент значаен за секојдневните функции на организмот, а е потребен за секоја клетка во телото. Најмногу е познат како антиоксиданс кој ги штити клетките од стареење, а често влегува и во состав на различни козметички средства. Но, CoQ10 се користи во медицината неколку декади, особено при третман на срцеви проблеми. Повеќе за улогата, симптомите при недостаток, изворите од храната, прочитајте од текстот: Д-р Нела советува: CoQ10 е чувар на срцето и младоста.

Суплементи со CoQ10 кои се достапни кај нас, во аптеките и на веб страницата на Тримекс се:
- CoQ10 30 mg и CoQ10 + Vit E 100 mg – NOW CoQ10 е додаток во исхраната со фармацевтски квалитет кој содржи само 100% природна форма на CoQ10 произведена со ферментација.
- Ubiquinol CoQH-CF 50 mg – Убикинолот е редуцирана и активна форма на Коензим Q10 (CoQ10). NOW® Ubiquinol CoQH-CF ™ содржи d-Limonene со што природно се зголемува неговата растворливост и интестинална апсорпција, и се создава производ со супериорна биолошка вредност.
Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела советува: Природниот астаксантин е 6000 пати помоќен од витаминот Ц.
*Спонзориран текст