Топ 7 здравствени придобивки од консумацијата на путер од кикиритки 1

Топ 7 здравствени придобивки од консумацијата на путер од кикиритки

Обожавате ли путер од кикиритки? А дали знаете дека освен што е вкусен и многу популарен, има бројни придобивки врз здравјето? Здравствените придобивки од консумацијата на путер од кикиритки се многубројни, а најзначајни се следните: го намалува ризикот од дијабетес, срцеви заболувања, дегенеративни нервни заболувања, а помага и за намалување на високиот крвен притисок.

Многу истражувања покажаа дека путерот од кикиритки е совршен избор, бидејќи е одличен извор на протеини и здрави масти. Тој го помага слабеењето, погоден е и за дијабетичари, а им се препорачува и на оние кои страдаат од Алцхајмерова болест. Во последно време, путерот од кикиритки е сѐ по популарен, па затоа решивме да истражиме повеќе на оваа тема и да ве запознаеме со придобивките кои ги нуди.

Топ 7 здравствени придобивки од консумацијата на путер од кикиритки 3

Што претставува и како се добива путерот од кикиритки?

Путерот од кикиритки претставува паста која се добива од суви, несолени, печени кикиритки. Одличен е како намаз, а може да се користи и за подготовка на различни десерти. Може да се смести во групата на здрава храна која е богата со протеини, јаглени хидрати, мононезаситени масни киселини и витамини како фолна киселина, ниацин (Б3), пантотенска киселина (Б5), пиридоксин (Б6), рибофлавин (Б2), тиамин (Б1), витамините Е, Ц и А, а од минералите содржи: натриум, магнезиум, калциум, манган, фосфор, селен, бакар, железо и цинк.

Интересни факти за путерот од кикиритки

Путерот од кикиритки за прв пат комерцијално е произведен во далечната 1884 година и во тоа време бил резервиран само за богатата популација, па не можел секој да си го дозволи. Месецот ноември во САД е одбележан како месец на љубителите на путер од кикиритки, и за тој месец се трошат повеќе од 30 милиони килограми путер. Путерот од кикиритки е еден од најомилените намази ширум светот, а го обожаваат и децата и возрасните.

Здравствени придобивки од консумацијата на путер од кикиритки

Иако до неодамна се сметаше како типичен американски производ, денес многу семејства буквално не можат да си го замислат животот без него. Сѐ почесто, путерот од кикиритки го има на рафтовите во маркетите и кај нас. При купувањето, изберете путер кој е направен 100% од кикиритки, без притоа да има конзерванси и адитиви. Како таков можеме да го препорачаме Rozi – кремастиот путер од кикирики на Rosal од Неготино, кој е 100% природен, без адитиви и конзерванси, а како изгледа паковањето може да погледнете од фотографијата. Лесно може да го набавите од поголемите маркети и тоа по пристапна цена. Вкусот е одличен и многу е погоден за мачкање и подготовка на десерти, па ние секојдневно го консумираме во исхраната и затоа сме сигурни дека ќе ви се допадне и на вас!

Ако сѐ уште се двоумите дали да го пробате, прочитајте ја оваа листа со аргументи зошто треба да го набавите и да уживате во богатиот и кремаст вкус на овој путер.

Топ 7 здравствени придобивки од консумацијата на путер од кикиритки 2

Го намалува чувството на глад

Консумирањето на путер од кикиритки или пак на сурови кикиритки го намалува чувството на глад на здрав начин, без притоа да се внесат многу калории. Едноставно помешајте една мала лажичка путер од кикирики, додајте малку мед и какао и уживајте во здравата ужина меѓу оброците.

Го подобрува здравјето на срцето

Многу студии кои го истражуваа овој производ, покажаа дека путерот од кикиритки значително го намалува ризикот од кардиоваскуларни и коронарни срцеви заболувања.

Го подобрува помнењето и штити од Алцхајмерова болест

Во една студија е откриено дека лицата кои внесуваат ниацин преку својата исхрана имаат 70% помали шанси да заболат од Алцхајмерова болест. А кикиритките изобилуваат со ниацин.

Превенира создавање камен во жолчката

Некои студии покажаа дека доколку консумирате путер од кикиритки неколку пати во неделата, го намалувате ризикот од појава на камен во жолчката за 30%.

Изобилува со здрави масти

Мастите со кои изобилува овој вкусен путер се здрави и мононезаситени. Науката докажала дека возрасните лица кои се резистентни на инсулин, а во својата исхрана внесуваат многу мононезаситени масти имаат помалку масни наслаги во пределот на стомакот.

Превенира дијабетес тип 2

Редовната консумација на кикиритки или производи кои ги содржат го намалуваат ризикот од дијабетес тип 2.

Висока нутритивна вредност

Путерот од кикиритки е многу богат со протеини, но и со калиум кој значително го намалува ризикот од зголемен крвен притисок, излив на мозокот или срцеви болести. Исто така, содржи и растителни влакна кои се важни за здравјето на дигестивниот тракт. Изобилува и со магнезиум кој помага за силни мускули и коски, како и со витамин Е и со антиоксиданси.

Мерки на претпазливост

Кикиритките и производите направени од нив се мошне склони на габи и мувли. Некои од нив се многу токсични, а некои произведуваат и канцерогени афлатоксини. Затоа е многу важно секогаш да купувате кикиритки и путер од кикиритки од проверени произведувачи, како што е Rosal. Доколку сте алергични на кикиритки, немојте да консумирате путер од кикирики.

И на крај, не заборавајте да ја посетите веб страната на Rosal и да ги погледнете нивните останати бројни производи.

Ви предлагаме да прочитате: Чоколадни коцки со путер од кикиритки – без печење.

Сподели: