Уштипци во сланина полнети со кашкавал 1

Уштипци во сланина полнети со кашкавал

Превкусно јадење од рерна! Нема пржење и трошење дополнително време за подготовка, а ретко кој би можел да одолее на вкусот на вака припремени уштипци во сланина полнети со кашкавал!

Меленото месо нуди безброј можности за вкусна подготовка, а одлично е што го обожаваат и децата бидејќи е лесно за џвакање. Од мали пребирџии, до искусни гурмани, овој рецепт е за сите генерации! 

Уштипци во сланина полнети со кашкавал 2

Состојки:

  • 350 г мелено месо од Агриа
  • 1 голема главица кромид
  • 2 парчиња леб
  • масло по потреба
  • млеко по потреба
  • 1 јајце
  • сол
  • црн пипер
  • сечкан магдонос
  • 100 г кашкавал
  • 150 г чадена сланина исечена на тенки ленти.

Подготовка:

  1. Кромидот ситно исечкајте го.
  2. Во тава на оган, на средно висока температура ставете малку масло да се загрее. Во загреаното масло, ставете го ситно сечканиот кромид и пропржете го.
  3. Во длабока чинија ставете млеко и додајте ги парчињата леб. Оставете ги кратко време во млекото за да омекнат.
  4. Во длабок сад ставете ги меленото месо, солта, црниот пипер, додајте сечкан магдонос, пропржениот кромид, омекнатиот леб и јајцето. Убаво измешајте ја смесата, а по потреба може да додадете лебни троши, за да може полесно да се обликуваат уштипците.
  5. Кашкавалот исечете го на коцки.
  6. Во калап за мафини, ставете ги лентите чадена сланина, така што краевите да висат малку на надворешната страна. Од меленото месо, формирајте топчиња, а во средината ставете по една коцка кашкавал. Уштипците од мелено месо ставете ги во калапот за мафини, поклопете ги со сланината и зацврстете ги со чепкалка.
  7. Печете ги во загреена рерна на 200 степени за време од 30 минути. Кога се готови, веднаш извадете ги од калапите за да не се залепат. Пред служете извадете ги чепкалките. Послужете ги во комбинација со салата. На здравје!

Совети плус:

  • За подготовка на рецептот, може да користите свинско, јунешко или мешано мелено месо. За да бидете сигурни дека ќе изберете квалитетно месо ви препорачуваме да ги посетите месарниците на Агриа ширум земјата. Во нивните месарници во Велес, Битола и Штип ќе пронајдете свежо свинско и јунешко месо од домашно производство. Месото е домашно со врвен квалитет, бидејќи Агриа работат по принципот од „нива до трпеза“. Имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња.
  • За сите новости посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на нивната фан страница на Facebook.
чили кон карне

Ви препорачуваме да прочитате: Брз рецепт за печени ќофтиња со кашкавал.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Текстот е овозможен од Агриа.

Сподели: