Летна, свежа и превкусна! Ви припремив фит салата со пилешко месо која е одлична за ручек или вечера. Комплетно избалансиран оброк со протеини, здрави масти и растителни влакна.
Дополнета со супер вкусен, протеински сос – е право уживање за целото семејство. Можеш да ја понесеш на работа, на излет во природа, а може да додадеш и состојки по твој избор.
Состојки:
- 1 парче интегрален леб – 100% цело зрно од Жито Лукс
- 3-4 листови сечкана марула
- 100 г печено пилешко
- 6 шери домати или домати
- ½ авокадо
- 1,5 варенo јајце.
За сос:
- 100 г грчки јогурт
- 1 лажичка сенф
- 1 лажичка лимон
- Копар, лук во прав, сол и мелен црн пипер.
Подготовка:
- Парчето леб испечете го на тостер и исчекајте го на мали коцки.
- Пилешкото месо исчекајте ги на коцки.
- Шери доматите пресечете ги на половина. Авокадото исечкајте го на половина, а потоа исечете го на листови.
- Јајцата пресечете ги на четвртини.
- Во чинија ставете ја сечканата марула. Додајте ги пилешкото месо, шери доматите, авокадото, јајцата и парчињата леб.
- Во длабока чинија пригответе го сосот. Измешајте ги сите состојки, а потоа послужете го со салатата. Подготовката погледни ја видеото. На здравје!
Совети плус:
- Ако сакаш потечен сос – додај малку вода или течен јогурт.
- За салатата, за појадок или ужина, ги користам новите интегрални лебови со 100% цело зрно од Жито Лукс! Предобри се. Достапни се со два вкусови – ржан и со семиња. Богати со хранливи состојки, растителни влакна, витамини и минерали се одличен избор за целото семејство. Ако ги немаш пробано до сега, ти препорачувам да ги набавиш.
Со лебовите имам направено неколку рецепти, разгледај ги и дегустирај ги:
- 3 посни идеи за појадок со интегрален леб
- 3 брзи, слатки и посни идеи за појадок
- Лесна крем супа од печурки – од кујната на Марија Кочовска
Разгледај повеќе идеи и рецепти на моите профили на социјалните мрежи и заследи ме:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.
Може да те интересира: Дали може да се јаде леб при диета?
*Рецептите се овозможени од Жито Лукс.