храна против стареење

Храна која спречува појава на брчки и ве подмладува

Гените играат важна улога во процесот на стареење и појавата на брчки, но подеднакво важен фактор е храната која се внесува во телото. Ние не можеме да го победиме овој природен процес целосно, но затоа можеме да го одложиме нашето стареење со исхрана која е богата со антиоксиданси. Освен тоа, важно е да се избегнува храна која е масна и содржи високо ниво на јагленихидрати, додека пак овошјето, зеленчукот, житарките и гравот, се ваши сојузници во постојаната борбата против стареењето.

Листата на храна која е богата со антиоксиданси, а со тоа го спречува и оспорува процесот на стареење и појавата на брчки е следната:

Маслиново масло

Маслиново масло може да се најде во поголемите маркети во продажба и е достапно за секого. Содржи мононезаситени масти и полифеноли, кои се добри за регенерација на клетките. Најдобро е да се користи како прелив за салати или при печење на месо.

Јогурт

Калциумот е од суштинско значење за јакнење на коските, а во јогуртот се наоѓа голема количина од овој минерал. Покрај тоа, јогуртот содржи пробиотици и помага при варењето на храната, со што го забрзува метаболизмот. Брзиот метаболизам е природно поврзан со процесот на стареење.

Избегнувајте црвено месо

Во последно време, нутриционистите препорачуваат да се избегнува црвеното месо во исхраната. За да ги задоволите потребните количини на протеини во организмот ние ви предлагаме да јадете риба. Сите видови на риби се богати со омега-3 масни киселини, кои се погодни за здравјето на срцето.

Темно чоколадо

Темното чоколадо е богато со антиоксиданси познати како флавоноиди, кои се значајни за одржување на здрави и силни крвни садови.

Бобинки

Сите видови на бобинки се добри за вас и вашето тело. Овие плодови се моќни извори на витамини и минерали, а постојат многу начини како да се комбинираат во исхраната. Јадете по неколку бобинки за појадок или комбинирајте ги во овошни салати за ужина.

храна против стареење

Ореви

Ореви се одличен извор на минерали и мононезаситени масти кои му се потребни на нашиот организам. Бидејќи оревите се многу калорични, се препорачува дневно да се консумираат по 14 јатки.

Црвено вино

Тоа е здраво само ако се консумира во умерени количини. Ги штити крвните садови и го спречува канцерогени и кардиоваскуларни болести.

Калинка

Калинката содржи полифеноли, кои и даваат добар изглед на вашата кожа.

Спанаќ

Тој е добар за целокупното здравје, бидејќи содржи широк спектар на витамини и минерали. Богат е со бета-каротен и помага во одржување на видот.

Кељ

Не прескокнувајте го овај зеленчук туку вметнете го во вашата секојдневна исхрана. Тој е богат со состојки кои влијаат на виталноста и оспорувањето на процесот на стареење.

Зелен чај

Познатиот зелен чај изобилува со антиоксиданси и ги неутрализира слободните радикали во организмот кои влијаат на стареењето на клетките. Исто така заштитува од штетните УВ зраци, кои пак се главен виновник за предвремено појавување на брчки.

Лубеница

Ова слатко и вкусно овошје е богато со витамин Ц и лутеин, антиоксиданси кои имаат двојна функција против стареењето.

Ви предлагаме да прочитате: Зошто настануваат брчките и како да ги отстраните?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: