Црвена леќа - протеинска „бомба“ која лечи анемија и топи маснотии 1

Црвена леќа – протеинска „бомба“ која лечи анемија и топи маснотии

Црвената леќа е помалку позната намирница, а многу корисна за здравјето. Во 100 грама црвена леќа има неверојатни 26 грама протеини, што ја прави вистинско протеинско богатство!

Може да ве интересира: Хранлив состав и начини на подготовка на црвената леќа.

Црвена леќа - протеинска „бомба“ која лечи анемија и топи маснотии 2

Енергетски, оваа леќа содржи околу 350 калории. Од нив, во 100 грама, околу 60 % припаѓаат на квалитетните сложени јаглени хидрати и 30 % растителни влакна, кои делумно се растворливи и го снижуваат холестеролот, а делумно се нерастворливи и го помагаат варењето, со што помагаат во слабеењето.

Црвената леќа има изразито низок гликемиски индекс, само 29, што е многу поволно, а содржи само 1 грам масти и тоа поволни – омега 3 и омега 6 масни киселини.

Кога ја комбинирате со некоја друга житарица, нејзиниот аминокиселински состав станува уште подобро искористлив, па организмот е добро снабден со квалитетни состојки.

Многу е богата со железо и затоа посебно се препорачува да ја консумираат лица кои се бават со спорт и се склони кон анемија. Црвената леќа изобилува со магнезиум и молибден, а од витамини е исклучително богата со фолна киселина.

По својот состав е поквалитетна од многу други мешунки, а лесно се припрема. Кратко се проварува, околу 15 минути и брзо се распаѓа, па ако сакате да направите пире, црвената леќа е вистински избор.

Ви препорачуваме да прочитате: 7 причини да вклучите црвена леќа во исхраната.

Сподели: