За ексклузивно славење со одбрано друштво! Домот е идеално место за уживање во вакви слатки нешта. Дефинитивно препорачуваме да го испробате баш овој рецепт! Ако сакате нешто посебно со кое може да ги почестите пријателите, верувајте тоа е овој чоколаден ликер со рум!
Ни доаѓа од испробаната кујна на нашата пријателка Лана, а таа ни кажа дека од оваа доза се добива половина литар чоколаден ликер со рум.
Во ладните денови обожаваме ликери, а можеме да ви препорачаме да ги пробате и домашните ликери од портокал и кокос.

Состојки:
- 200 мл слатка павлака
- 150 гр шеќер во прав
- 4 лажици чоколадно какао
- 100 гр црно (темно) чоколадо
- 250 мл рум.
Подготовка:
- Во сад на оган, ставете ја слатката павлака и загрејте ја заедно со шеќерот во прав и какаото.
- Додајте ги претходно искршените коцки од темно чоколадо и промешајте за сите состојки убаво да се соединат.
- Тргнете го садот од оган и кога малку ќе се излади турете го и румот во смесата.
- Измешајте уште еднаш и ликерот е готов.Складирајте го во чисто и суво шише, по можност стаклено и чувајте го во фрижидер до послужување. На здравје!
- Забелешка: Пред сервирање, извадете го ликерот од фрижидер и по потреба протресете го шишете за да се изедначи густината. Ако сметате дека сеуште е многу густ, додајте уште малку рум или загрејте го така што шишето ќе го ставите во поголем сад со топла вода.
Ви препорачуваме да прочитате: Ликер од вишни – вишновка.