Уште првиот пат кога го пробавме, знаевме дека е рецепт кој мора да се запише и ќе биде подготвуван многу често. Во составот на нашиот омилен чоколаден посен куглоф со мармалад има неколку и тоа едноставни состојки кои сите ги имаме во кујната. Од првото правење ќе го погодите, па препорачуваме да го пробате независно од вашето искуство во кујната.
Декоративен е и привлечен за сите генерации, а еве што користевме и како го направивме.

Состојки:
- 1½ чаши брашно
- 1 чаша шеќер
- 1/4 чаша какао од Витаминка
- 1 ќесичка ванилин шеќер од Витаминка
- 1/2 лажиче мелен цимет од Витаминка
- 1 мала лажичка сода бикарбона без алуминиум од Витаминка
- 1/2 мала лажичка сол
- 1/3 чаша Брилијант масло
- 3 лажици мармалад со вкус по избор –јагода, кајсија, портокал, цреша, праска од Витаминка
- 1 филџан варено кафе – само течност без талог
- 1 мала лажичка неварено кафе во прав
- 1 лажичка рендана кора од портокал по желба.
За припрема на калап:
- масло и брашно по потреба или маргарин по потреба.
За декорација:
- шеќер во прав од Витаминка по потреба.
Подготовка:
- Во длабок сад се ставаат сите суви состојки. Измешајте ги брашното, шеќерот, солта, содата, какаото, лажичката кафе, циметот и ванилиниот шеќер. Состојките се мешааат.
- Во садот се додаваат вареното кафе, маслото и ренданата кора од портокал. Добро се меша за да се добие хомогена смеса.
- Во садот се додава и мармаладот по избор.
- Сместата се става во претходно намрсен калап за куглоф – со масло и брашно кое добро треба да го протресите за да излезе вишокот или пак калапот да го премачкате со маргарин, што ви е полесна и сигурна опција.
- Печете на температура од 200 степени, околу 20-25 минути, па проверете со помош на дрвена чепкалка за да знаете дали е доволно, зависно од вашата рерна. Штом се излади поросете го со шеќер во прав и уживајте во светот на вкусовите. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Брз рецепт за посен мазник од готови кори.
*Спонзориран рецепт.