Чоколадна кростата со фил од кокос 1

Чоколадна кростата со фил од кокос

Ако сакате да се засладите со посебен и несекојдневен десерт кој се топи во уста, чоколадна кростата треба да биде вашиот прв избор! Ќе се запрашате, како ли тврдат со толкава сигурност? – А ние, искрено ви одговараме, сме пробале што се можат вештите раце на Невена.

Кростатава е одлична, а можете да ја спаковате и да ја носите секогаш и секаде. Пробајте ја!

Чоколадна кростата со фил од кокос 2

Состојки:

За тесто:

  • 200 гр путер омекнат на собна температура
  • 410 гр брашно
  • 150 гр шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 70 гр чоколадо во прав
  • 2 јајца
  • 1/2 лажиче печиво.

За фил:

  • 3 јајца
  • 120 гр шеќер
  • 250 гр крем сирење
  • 200 гр рикота
  • 200 гр кокос
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 50 гр чоколадни капки.

Подготовка:

  1. Најпрво подгответе го тестото. Во сад ставете ги сите состојки и убаво измесете го додека добиете тврдо изедначено тесто.
  2. Потоа, завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер околу 1 час.
  3. Во меѓувреме подгответе го филот. Во сад ставете ги јајцата и разматете ги со виљушка.
  4. Додајте ги двата вида на сирење и мешајте ги за да се соединат со јајцата.
  5. Потоа, додајте ги останатите состојки и измешајте ги да се изедначат.
  6. Извадете го тестото од фрижидер.
  7. Еден мал дел оставете за декорација на кростата од горе, а од другиот дел врз набрашнета површина развлечете кора, само малку поголема од калапот или тавата (бр 28).
  8. Кората ставете ја во калапот и израмнете ја по страните, а дното избоцкајте го со виљушка.
  9. Додајте го филот и израмнете го.
  10. Од останатото тесто направете лентички или форми со калапчиња и наредете ги одозгора над филот.
  11. Готовата чоколадна кростата ставете ја да се пече во загреана рерна на 180 степени, за време од околу 35 минути.
  12. Оставете ја убаво да излади и послужете се. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: Кремаст чоколаден колач без печење.

Сподели: