Состојките кои ги содржи оваа чоколадна торта со ржано брашно и направена без шеќер се избрани за да биде што поздрава, да може да ја јадат што повеќе луѓе и да се уверат дека и здравото може да биде вкусно. Слободно може да им ја сервирате и на децата. Вкусот е многу пријатен и пожелен, па не го одбиваат, испробавме!
Еден од моментите на мотивација беше и тоа што, сите повремено имаме апетит кон слатката храна, а голем број од нас внимаваат на телесната тежина. Во секој случај, невозможно е, а да не споменеме дека и луѓето кои немаат проблем со вишок на килограми, секогаш е корисно да бираат намирници и јадења кои прават добри нешта за здравјето.
Затоа во составот има чоколадно какао кое изобилува со магнезиум, интегрално ржано бражно кое има висока содржина на растителни влакна, како и мала количина на ладно цедено масло од маслодајна репка кое го набавуваме од Фила како проверени производители, а е достапно во паковања од 500 мл или 1000 мл. Лесно е достапно и може да го набавите од поголемите маркети или да го нарачате од нивната онлајн продавница. За гурманите и пребирливите дегустатори треба да напоменеме нешто важно, а тоа е ова масло не мириса и нема да го промени вкусот на јадењето. Ладно цеденото масло од репка го препорачуваат сите нутриционисти, поради неговите хранливи состојќи и нутритивни вредности. Содржи големата количина на витамин Е, Омега-3, 6 и 9, како и е одличен извор на есенцијалните масни киселини кои му се неопходни на организмот, бидејќи самиот не може да ги произведе. Урмите и даваат слаткост на тортава, а сливите арома, нема да згрешите ако ја направите!

Состојки:
- 3 јајца
- 2 полни лажици чоколадно какао
- 1 чаша интегрално ржано брашно
- 1 ќесичка прашок за печиво
- 2 рамни лажици ладно цедено масло од маслодајна репка од Фила
- 20-24 урми по вкус за благо
- 100 мл млака вода
- 3 поголеми свежи сливи.
Подготовка:
- Прво почнете со припрема на состојките. Урмите исчистете ги од семките, ситно исечкајте ги и потопете ги со млаката вода.
- Сливите измијте ги, исчистете ги од семките и изрендајте ги.
- Јајцата изматете ги во чист и длабок сад за време од 5 минути, односно додека се згуснат.
- Потоа, додајте го ладно цеденото масло, ситно сечканите и потопени урми, ренданите сливи и измешајте ја смесата.
- Во одделен сад измешајте ги ржаното брашно, печивото и какаото, па со постојано мешање со лажица, постепено додавајте ги во садот со јајцата.
- Откако смесата е добро соединета, спремна е за печење. Турете ја во тава со големина бр. 24, но претходно обложете ја со хартија за печење.
- Печете во загреана рерна на 180 степени, околу 30 минути зависно од рерната. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Со здрави навики против висок крвен притисок.