Мали, слатки, вкусни, а толку лековити, капините претставуваат вистинска ризница на витамини и антиоксиданси кои благопријатно делуваат на целокупното здравје. Не залудно ова овошје го добило епитетот чудотворна капина. Тие помагаат при лекувањето на анемија, дијабетес, проблеми со усната шуплина, афти, грип, настинка и уште многу други здравствени состојби. Во продолжение дознајте повеќе за придобивките од капините кои ќе ве мотивираат почесто да ги користите во исхраната.
Дали знаете дека капините го намалуваат чувството на глад, а на тој начин помагаат за намалувањето на вишокот килограми? Наместо колачи, грицкајте свежи или замрзнати капини. Така може да слабеете и да уживате во нивниот вкус без никаква грижа на совест. Свежите капини се берат од средината на Август до крајот на Септември, а замрзнати ги има преку целата година.

Капините се одличен извор на витамини, антиоксиданси и штитат од канцер
Капините се супер храна затоа што изобилуваат со антиоксиданси како што се антоцијаните, витаминот Ц, витаминот Е, елагинската киселина и сл. Антиоксидансите учествуваат во процесот на спречување на штетните влијанија на слободните радикали и на тој начин помагаат во заштитата од некои заболувања како што е канцерот. Исто така, го заштитуваат и кардиоваскуларниот систем, го успоруваат процесот на стареење на организмот, помагаат во борбата против штетните влијанија од сонцето врз кожата, помагаат против Алцхајмер и сл.
За да може во целост да се искористат позитивните својства на капините, се препорачува да се консумираат заедно со некое друго бобинкасто овошје, бидејќи така подобро се искористуваат хранливите состојки. Елагинската киселина, една од антиоксидансите од капините, отпорна е на високи температури, па останува присутна во мармаладите и другите преработки од капини. На тој начин и тие задржуваат дел од лековитите својства на капините.
Некои истражувања спроведени на Универзитетот Питсбург, открија дека капините содржат состојки кои ги уништуваат канцерогените клетки.
Може да ве интересира: 6 придобивки кои ги прават капините домашна супер храна.
Помагаат против анемија, дијабетес и во регулацијата на телесната тежина
Сокот од капини и виното кое се добива од нив им се препорачува на оние кои страдаат од недостаток на железо, бидејќи плодовите изобилуваат со железо, калиум и магнезиум. Некои истражувања покажале дека капините го намалуваат нивото на шеќер во крвта. Уште една придобивка од консумацијата на капини е тоа што тие содржат голема количина на диететски влакна, која придонесува до намалување на ризикот од појава на дијабетес, дивертикулоза и даваат чувство на ситост, што пак помага во регулацијата на телесната тежина.

Содржат природни состојки кои делуваат како аспиринот
Капината содржи природна форма на салицилна киселина (активна состојка на аспиринот), која вообичаено се користи за ублажување на болки, намалува покачена телесна температура и дејствува противвоспалително. Па затоа, кога патите од главоболка наместо да посегнете по аспирин може да изедете неколку свежи капини.
Капината го заштитува видот и помага против дијареја, грип и настинка
Ова овошје исто така го заштитува видот и го зајакнува имунолошкиот систем. Листовите на капина поседуваат антисептички и антивоспалителни својства и состојки кои го зајакнуваат организмот. Исто така, се употребуваат за лекување на полесни облици на дијареја. Чајот од капина помага при грип, настинка и кашлица. Чајот од листови на капина се користи и за испирање на воспалено грло, за лечење на чирови и афти во усната празнина и непцата. Доколку се консумираат редовно, капините помагаат во заштитата на респираторниот систем од разни воспаленија, а штитат и од тромбоза. Во продолжение прочитајте како може да направите чаеви и напитиок со листови од капина:
- 2 чаеви со листови од капина против болно грло и детоксикација
- Напиток од вино, листови капина и коприва против анемија
Многу придобивки за здравјето, „спакувани“ во овие драгоцени дарови од природата!
Ви препорачуваме да прочитате: Капините може да превенираат и да го забават растот на карциномот.