Вкусот на традицијата за 5 минути! – Биено сирење, нане и пипер, стокмени во крцкава тостирана тортилја! Што повеќе ти треба? – Ништо! Пробај и ќе ми поверуваш! – вели Катерина Шамбевска Спасеновска уредник и фудблогер од нашиот тим.
Гладен си и се „чудиш“ што да јадеш, а времето ти е кратко? – Ова е рецептот кој ти треба! Се навратив на старите навики од детството, само им дадов нов модерен „шмек“ и оброкот беше вистинско уживање. Нема претходна припрема, виткаш, тостираш и имаш топол крцкав оброк. – @katerina.shambevska со расположение ја пренесува леснотијата за оброкот.

Состојки:
- Тортилји по желба
- Нане
- Буковска пипер
- Шарпланинско биено сирење
- Малку путер за премачкување на тортилјата пред печење.
Подготовка:
- Тостерот приклучете го да се загрева.
- За тоа време припремете тортилја. На половина од „кругот“ поросете буковска пипер и нане по вкус, а потоа додајте изронето или на тенки ленти сечкано биено сирење.

- Преклопете ја тортилјата и потоа на половина од преклопената површина, повторно ставете нане, пипер и сирење. Превиткајте ја.

- Пред печење премачкајте ја со малку путер и од горе и од долу, или ставете неколку потенки парчиња кои ќе се стопат при тостирањето.
- Тостирајте ја тортилјата до посакуваниот стен на крцкавост и на здравје!
Совети плус:
- Дозата на тортилји, биено сирење и традиционални зачини е баш по вкус на секој од нас. На сите нас ни е потребно различно за да се најадеме.
- Традиционалните зачини може да ги замените со други, доколку сакате да експериментирате со поинаков вкус, на пример да ставите оригано и црн пипер. Пробав и така, преубаво е.
- Биеното сирење може да го замените со кашкавал или бело сирење. Сите млечни производи може да ги набавите од палетата на Млекара Тетово.

Сакаш испробани рецепти и лесни идеи? – Разгледај и заследи ме:
Рецепти кои претходно сме ги испробале со производите од палетата на Млекара Тетово:
- Мусака со спанаќ и сирење
Крем салата и сос за сите сезони – брзо, свежо и вкусно - Брзи переци од три состојки
- Овошен јогурт со овес и чиа – здрав, вкусен и брз појадок
- Кинеска салата со ориз.
Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.