рецепт за џем од рибизли

Џем од рибизли

Сезоната на малите слатки рибизли е во полн ек. Колку се здрави веќе сите знаеме, но за жал некако ги занемаруваме и ретко ги користие. Но, тоа не значи дека од овие црвени бисерчиња не може да направиме превкусни десерти. На блогот од нашата пријателка Лана наидовме на многу рецепти со ова интересно овошје. А денес одлучивме да споделиме со вас рецепт за џем од рибизли кој подоцна може да го искористите за подготовка на најразлични десерти.

Ние ги обожаваме сезонските летни овошја. Но, за жал тие се краткотрајни, па затоа мора да смислиме начин како да уживаме во нивните вкусови и тогаш кога ќе ги нема. Џемовите, мармаладите, компотите и соковите се одличен начин за да се зачуваат сезонските овошја.

џем од рибизли

Состојки:

  • 1 кг рибизли
  • 500 г шеќер
  • 1 ќесичка желатин
  • 1 стапче од ванила или ванилин шеќер по желба.

Подготовка:

  1. Рибизлите темелно измијте ги и исчистете ги од гранчиња. Чистењето може да си го олесните така што со помош на виљушка ќе ги истргате зрнцата од гранчето.
  2. Вака исчистеното овошје ставете го во подлабок сад на оган.
  3. Желатинот промешајте го со 2 лажици шеќер и додајте го во овошјето. По желба, може да додадете и стапче ванила или ќесичка ванилин шеќер.
  4. Откако овошјето ќе почне да врие додајте го и преостанатиот шеќер и се заедно варете околу 5 минути.
  5. Додека џемот е сѐ уште жежок соберете го во чисти и загреани тегли. На здравје!

Напомена: Џемот може да се направи и на традиционален начин без додадок на желатин. Но, во тој случај треба подолго да се вари, па топчињата нема да останат цели.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен џем од рибизли – антисептик.

Сподели: