Класика, но со нови фини ноти. Овој пат со доза егзотика! Можете ли да замислите ароматично доживување кое ги радува вкусните папили во устата? Толку е вкусен вака припремениот џем од сливи со цимет и рум. Мирис кој ќе го посакувате секое утро!
И за нас беше нова ваквата подготовка, а за рецептот и се заблагодаруваме на нашата пријателка Лана, од блогот Kuhinjica Mignone. Нема многу шеќер, а дозата е мала. Лесно се прави, уживајте.

Состојки:
Подготовка:
- Изберете убави, меки сливи кои може брзо да се сварат. Измијте ги, извадете им ги семките и исечкајте ги на четвртини доколку се крупни.
- Посипете шеќер и варете најпрво на силен оган околу половина час.
- Намалете ја температурата и со повремено мешање продолжете да варите околу 1-1.5 час додека смесата убаво се згусне.
- На половина од времето за варење, можете да го додадете циметот и неколку лажички рум, по желба. Џемот ќе добие прекрасна арома, а со него ќе можете да правите разни вкусни колачи!
Ви препорачуваме да прочитате: 3 рецепти за џем и компоти од модри сливи.