колач со црни сливи

Реден колач со модри сливи

Само со неколку состојки кои сигурно ги имате во кујната може да направите убав десерт. Овој овошен и сочен колач со модри сливи ни доаѓа од кујната на Клара.

Лесно може да го направи секој, па вреди да се проба ова лето.

колач со модри сливи

Состојки:

  • 330 гр брашно
  • 300 гр шеќер
  • 300 гр гриз
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 300 мл млеко
  • 50 мл масло
  • 1 јајце
  • 1 кг модри сливи
  • 2-3 ќесички ванилин шеќер.

Подготовка:

  1. Најпрво се мешаат сувите состојки (брашното, шеќерот, гризот и печивото).
  2. Во друг сад со жица убаво измешајте ги течните состојки (млекото, маслото, јајцето).
  3. Сливите се сечат на половина. Ако правите еден ред фил, оставете ги така, а ако правите 2 реда, тогаш исецкајте ги на коцкички.
  4. Тавата премачкајте ја со масло и почнете со редење.
  5. Доколку ставате 2 реда фил, сувата смеса поделете ја на 3 дела, а доколку ставате само еден ред, тогаш поделете на 2 дела.
  6. Се започнува прво со ред од сувата смеса, па се става ред фил од сливи врз кои се посипува ванилин шеќер и на крај се завршува со ред сува смеса.
  7. Врз сето тоа се полева течната смеса и се боцка со виљушка за убаво да пробие во внатрешноста.
  8. Додека се загрее рерната на 200 степени, колачот треба да стои, но повремено пак боцкајте го.
  9. Печете додека порумени одозгора и стане тврдо на допир. Печениот реден колач со модри сливи извадете го од тавата и оставете го да се излади. Потоа, исечете парчиња и послужете го наросен со шеќер во прав. На здравје!

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Ви предлагаме да прочитате: Експресно брза сусам торта.

Сподели: