Галерија: Настан „Подобра исхрана, подобар живот“ 1

Галерија: Настан „Подобра исхрана, подобар живот“

Здравјето е најважно! – беше мотото на настанот „Подобра исхрана, подобар живот“, во организација на Здружението за едукација и кулинарство Сѐ за храна од Битола.

Едукативната вечер се одржа на 10.11.2016 година, во малата сала на Центарот за култура во Битола. Со цел да се подобри квалитетот на животот на битолчани, стручниот тим сподели свои совети и препораки за подобро здравје. Повеќе за предавачите можете да прочитате тука.

Теми на разговор беа која храна е здрава, што да се јаде за превенција од кардиоваскуларни болести и дијабетес, што се антиоксиданси и како помагаат против канцери, зошто е важна физичката активност за добро здравје, за кои состојби каква физичка активност се препорачува итн.

Присутните имаа можност да слушнат различни информации и да добијат мотивација за промена на лошите навики, како и на крај да уживаат во здрави закуски. А, на изненадување на сите гости, нашите партнери доделија над 35 подароци.

Салата беше исполнета до последното место, ви се заблагодаруваме за големата посетеност и за издвоеното време!

Благодарност до Tonus Leb / Тонус Леб, Vezë Sharri, Slim Line Club Битола, Travel Pub, Energy Aerobic Club-Bitola, Mladinska kniga Skopje, Гера Ком Софт Битола, НУ Центар за култура Битола, Студио за убавина БЕЛА ДОНА, Мери Димовска и Dimitar Zdravevski Photography!

Целосната галеријата од настанот погледнете ја на следниот линк.

Галерија: Настан „Подобра исхрана, подобар живот“ 11 Галерија: Настан „Подобра исхрана, подобар живот“ 2

Сподели: