Летен омлет со свежо нане 1

Летен омлет со свежо нане

Штом го здогледавме, знаевме дека е добра идеја! Изгледот кажува многу овој пат! Пролетта и летото се сезони кога свежата храна ја имаме во изобилство, па треба да го користиме тоа и да ја комбинираме на креативни начини. Таков е и овој омлет со свежо нане, неодоливо вкусен и ароматичен!

Кате со задоволство споделува: „Еден од моите поомилени омлети. Нането му дава преубав вкус. Може да го јадете со домати или јогурт. “ Повелете рецептот, пригответе го и на здравје!

Летен омлет со свежо нане 2

Состојки:

  • 3 јајца
  • 10-тина ливчиња свежо нане
  • 3 млади кромидчиња
  • 1 преполна лажица рикота (за замена може да користите несолена урда)
  • сол по потреба
  • масло по потреба.

Подготовка:

  1. Младите кромидчиња исечкајте ги и ставете ги на загреано масло да се запржат.
  2. Во сад изматете ги јајцата, сечканото нане и рикотата, па посолете по вкус.
  3. Откако кромидот малку ќе омекне додајте го во садот со јајцата и измешајте.
  4. Истурете ја смесата во тавата во која се пржел кромидот и поклопете со капак.
  5. Откако ќе се запржи од долната страна покријте со чинија чиј дијаметар е помал од тој на тавата и превртете.
  6. Вратете во тавата за да се запржи и другата страна. Тоа е тоа, време е за дегустација!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Омлет палачинки со сирење.

Сподели: