Нутритивна вредност и здравствени придобивки од смоквите

Нутритивна вредност и здравствени придобивки од смоквите

Вкусни и здрави! Смоквите изобилуваат со здрави растителни влакна, витамини и минерали. Нивната употреба за лековити цели има навистина долга историја. Во продолжение ви откриваме нешто повеќе за нутритивната вредност и здравствените придобивки од смоквите.

Смоквите се овошје кое има единствен сладок вкус и специфична текстура, полна со малечки крцкави семки. Бидејќи свежите смокви имаат покарактеристичен вкус, тие често се сушат или пак од нив се прават разни џемови и слатка. Во сувите смокви може да уживате преку целата година, додека свежите ги има само во одредени периоди од годината. Карактеристични се за Блискиот исток и Медитеранот, каде што се и особено ценети.

придобивки од смоквите

Нутритивна вредност на смоквите

Смоквите се богати со природни шеќери, минерали и растителни влакна. Од минералите во ова овошје преовладуваат калиумот, калциумот, магнезиумот, железото и бакарот. Исто така, тие се богат извор и на антиоксиданси, како витамините А и К. Благодарение на овие хранливи состојки, смоквите имаат благопријатно дејство врз целокупното здравје.

Во поглед на нивната калориска вредност, во една порција од 100 г свежи смокви се содржат 80 калории, 1.3 г протеини, 0.3 г масти, 20.3 г јаглени хидрати и 2.2 г растителни влакна. Во сувите смокви ситуацијата е малку поинаква, па така во порција од 100 г има околу 249 калории, 3.3 г протеини, 0.9 г масти, 69 г јаглени хидрати и 5.6 г растителни влакна.

Смоквите се природен лаксатив

Смоквите често се препорачуваат како многу ефикасно, природно лаксативно средство, поради огромната количина на растителни влакна која ја содржат.

Помагаат за баланс на натриумот и калиумот во организмот, а со тоа влијаат за регулирање на крвниот притисок

Повеќето лица во својата исхрана консумираат поголема количина на натриум, што пак води до недостаток на калиум. Нерамнотежата на овие два минерали може да доведе до покачен крвен притисок. Исхраната богата со свежо овошје и зеленчук, меѓу кои е и смоквата, на природен пат го подига нивото на калиум и на тој начин влијае на снижувањето на крвниот притисок.

Може да се консумираат за време на диета

Поради растителните влакна, смоквите се одличен десерт за сите оние кои се на диета или сакаат да загубат некој килограм. Храната богата со растителни влакна обезбедува чувство на ситост и спречува глад за блага храна. Смоквите содржат и пребиотик кој ги подржува веќе постоечките добри бактерии во организмот и со тоа поттикнува добро здравје на дигестивниот тракт.

Благодарение на калциумот превенираат појава на остеопороза

Смоквите се овошје кое е многу богато со калциум, минерал кој е од исклучителна важност за здравјето на коските. Количината на калиум која се наоѓа во нив може да го спречи исфрлањето на калциумот преку урината. Па на тој начин, тие се одлична храна  и против остеопороза.

Ви препорачуваме да прочитате: Смокви – супер храна во секој облик.

Сподели: