Повеќе начини како да премачкате посни кифлички 1

Повеќе начини како да премачкате посни кифлички

Искусните домаќинки ни кажаа како да се снајдеме и како да ги премачкаме посните ќифлички за да бидат убави и многу вкусни. Прашавме повеќе докажани и умешни домаќинки, а во оваа содржина ќе ги споделиме сите испробани совети како да премачкате посни кифлички.

Некои од нас ги сакаат кифличките со сусам, некои ги обожаваат со ким, некои имаат навика да ги прават со афионово семе, или други семиња, а како и да е сите тие додатоци мора да бидат „залепени“ за кифличките пред печењето.

Повеќе начини како да премачкате посни кифлички 2

Испробани повеќе начини за премачкување на посни кифлички,а вие изберете го најдобриот по ваш вкус:

  • Во сад изматете малку брашно со вода. Убаво разматете ја смесата и со помош на кујнска четкичка премачкајте ги кифличките, па посипете ги со сусам.
  • Како многу едноставна варијанта е да ги премачкате со топла вода, па веднаш да посипете сусам и да ги ставите во тавата припремена за печење.
  • Растворете малку сенф со вода и премачкајте ги кифличките, па додајте сусам или друг додаток по вкус. Премачканите кифлички со сенф имаат сличен изглед како оние премачкани со јајце. Повелете рецепт за посни пекарски кифлички кои се премачкани со сенф.
  • Во смесата со сенф, по желба може да додадете и кечап. И во двата случаи е доста вкусно да се јадат кифличките.
  • Сенфот можете да го измешате со масло. Сусамот вака убаво се лепи, а кифличките изгледаат привлечни и со златна боја.
  • Малку мед растворете со млака вода, па премачкајте ги кифличките и посипете сусам и слично.
  • Има и такви домаќинки кои пресно свитканата кифличка ја натопуваат во вода и потоа од сите страни ја валаат во сусам. На овој начин дел од сусамот ќе се одлепи, но повторно останува дел кој е налепен.
  • Постои варијанта веднаш откако ќе ги свиткате кифличките да им ставите сусам, па да ги оставите да нараснат, а вака е поголем ризикот дека може да се одлепи од кифличката.
  • Зависно од пригодата може да употребите и посен мајонез.
  • Може да употребите брашно и вода како основна смеса, а по желба во неа да додадете куркума, сол, црвена пипер или друг зачин. На крај по желба додадете сусам.
  • Наместо обична вода, со брашно можете да измешате и кисела вода и во смесата да додадете малку шеќер.

Ви препорачуваме да прочитате: Лиснати посни кифли.

Сподели: