Да се најде вкусен рецепт за посни кифли, без истите да бидат многу тврди или суви е вистинска реткост. А што би рекле кога ќе ви кажеме дека Невена ни испрати екстра рецепт за лиснати посни кифли? Ние и се заблагодаруваме, а кифлите ќе ги пробаме штом имаме малку слободно време.
Овие лиснати посни кифли се идеални за појадок, ужина или за куќна слава, визита и други свечености за време на пости. Рецептот е испробан, па не двоумете се да ги направите.

Состојки:
- 500 мл млака вода
- 150 мл масло
- 1 коцка квасец
- 1 лажиче шеќер
- 2 лажички сол
- 1 кг брашно
За премачкување:
- 250 гр маргарин
- по потреба топла вода
- по потреба сусам.
Подготовка:
- Во длабок сад за месење се става квасецот и се додава 100 мл млака вода. Во садот се додава 1 лажица брашно, се меша убаво и се остава квасецот да нарасне за време од 5 до 10 минути.
- Во садот со квасецот се додаваат преостанатата вода, маслото, шеќерот, солта и постепено се додава брашното. Се замесува меко тесто. Откако тестото ќе се замеси, се остава да нарасне за време од 10-15 минути.
- Потоа, тестото се дели на 4 дела. Секое парче тесто се формираат 6 топчиња.
- Секое топче се расукува во мала коричка и се мачка со маргарин (претходно омекнат), потоа се реди друга коричка и се мачка со маргарин.
- Постапката се повторува со сите 5 кори, а најгорната не се премачкува и со неа се завиткува во форма на топче.
- Од вака формираното топче се сучи една голема кружна кора со дебелина од околу 2-3 мм.
- Од кората се сечат 16 триаголници и се виткаат кифлите. Формираните кифли се редат во плех обложен со хартија за печење.
- Истата постапка се повторува и со останатите 3 дела тесто. Откако ќе се направат сите кифли со четче се мачкаат прво со топла вода, па се наросуваат со сусам и врз секоја се става по малку маргарин.
- Додека се загрее рерната на 200 степени, посните кифли се оставаат да нараснат.
- Тавата со посните кифли се става во загреаната рерна, да се пече околу 20- 25 минути или додека кифлите добијат кремаста боја. На здравје!
Рецептот го испратил: Невена Ѓеровска.
Ви предлагаме да прочитате: 15 најдобри посни рецепти за кифлички, лепчиња и пити.