посна ледена коцка

Посна ледена коцка со пудинг

Нема потреба ни за време на пости да се одрекувате од омилениот колач! Ви приготвивме посна кремаста ледена коцка со богат ванила фил и прелив од чоколадо! Уникатен рецепт креиран во кујната на Сѐ за храна со квалитетните производи на Витаминка. Сите добри нешта одат во пар, нели?

Сочна, мека и идеална за сечија трпеза. Ги почестивме најблиските и пријателите, а сите што ја пробаа го потврдија одличниот вкус. На вас останува само да ги следите инструкциите за подготовка, а доколку имате прашања, слободно пишете ни порака.

посна ледена коцка

Состојки:

За прелив:

  • 300 мл вода
  • 150 грама шеќер.

За фил:

За глазура:

посна ледена коцка

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете ги брашното, шеќерот, содата, прашокот за печиво, ванилиниот шеќер и какаото. Измешајте ги состојките со лажица.
  2. Во садот додајте ги маслото, водата и мармаладот. Измешајте за да се добие хомогена смеса.
  3. Правоаголната тава (бр.40) намрсете ја и набрашнете ја. Во тавата ставете ја смесата за колачот. Печете во загреана рерна на 220 степени за време од 20-25 минути. Печениот колач оставете го да се излади.
  4. Во меѓувреме започнете со подготовка на филот. Во тенџере на оган ставете 1100 мл вода и 600 грама шеќер да се варат. Прашокот за пудинг, брашното и ванилиниот шеќер ставете ги во длабока чинија. Измешајте ги и додајте 300 мл вода. Во зовриениот шеќерен сируп додајте ги пудинзите. Варете 2-3 минути додека пудингот се згусти. Тенџерето тргнете го од огнот и оставете го пудингот да се излади.
  5. Во тенџере на оган ставете 300 мл вода и 150 грама шеќер. Штом шербетот зоврие, варете уште 2-3 минути. Со топлиот шербет потурете го изладениот колач.
  6. Во сад за матење ставете го маргаринот и изматете го. Во садот постепено додавајте од изладениот пудинг. Миксирајте додека добиете хомоген фил, а потоа нанесете го врз колачот.
  7. Чоколадото растопете го на пареа. Во садот со растопеното чоколадо додајте ги водата и маслото, и измешајте. Глазурата ставете ја врз филот. Оставете го колачот во фрижидер со времетраење од најмалку 2 часа. Потоа исечете парчиња и послужете. Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!

Совет плус: Колачот може да го приготвите еден ден порано, а потоа да го служите. Така ќе се соединат вкусовите и ќе се добие најдобар колач.

Овој и многу други вкусни рецепти можете да пронајдете во готвачот со посни рецепти, кој го приготвивме во соработка со Витаминка. Готвачот со посни рецепти е подарок во промотивното пакување со три мармалади од Витаминка.

готвач

Ви предлагаме да прочитате: Атлантис торта – слатка морска идила за сечиј вкус.

*Спонзориран рецепт

Сподели: