Посна чоколадна торта со банани и мармалад од кајсии

Штом станува збор за посни десерти, рецептите на Невена се едни од најдобрите. Овој пат со вас споделуваме супер рецепт за посна чоколадна торта со банани и мармалад од кајсии.

Оваа посна чоколадна торта со банани е сочна, вкусна и лесна за подготовка. А штом ја пробате, не заборавајте да ни напишете во коментар како ви се допаднала.

посна чоколадна торта со банани

Состојки:

  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 150 гр кафеав шеќер
  • 300 гр брашно
  • 1 лажица какао
  • 1 мала (150 гр) банана
  • 350 мл млеко од ориз
  • 80 мл масло
  • 1 ванилен шеќер или арома од портокал, лимон или рум
  • 1 ќесичка прашак за печиво.

За прелив:

  • 4-5 лажици мармалад од кајсии
  • 80 гр чоколадо за готвење
  • 1 лажица маргарин или масло
  • 2 лажици млеко од ориз.

За декорација:

  • по потреба суво грозје, брусница и шарени шеќерни трошки.

Подготовка:

  1. Чоколадото стопете го над пареа и оставете го да олади (да биде млако).
  2. Во еден сад со виљушка изгмечете ја бананата со шеќерот, за да добиете кашеста смеса. Потоа додајте ги сувите состојки – какаото, ванилата и брашното. Измешајте ги.
  3. Додајте го и маслото. Млекото од ориз постепено додавајте го и мешајте да се изедначи смесата, да нема грутчиња.
  4. На крај додајте го стопеното чоколадо и прашокот за печиво. Повторно измешајте, за да се добие хомогена смеса.
  5. Смесата турете ја во тава (бр.26) намачкана со масло и посипана со брашно.
  6. Печете во загреана рерна на 180 степени, за време околу 30-35 минути. Потоа оставете ја во исклучена рерна уште 10-ина минути.
  7. Печената торта извадете ја од рерната и одма премачкајте ја со мармалад од кајсии. Оставете да олади и мармаладот да се зацврсти. Потоа на пареа стопете го чоколадото со маргаринот и млекото, и прелијте ја тортата. Над чоколадото наредете суво грозје, брусница и шарени шеќерни трошки. Оставете да се стегне чоколадото, а потоа исечете парчиња и послужете. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви предлагаме да прочитате: Рецепт за посна чоколадна торта без масло.

Сподели: