солени корнети со фил

Солени корнети со фил

Подготовката на солени корнети со фил е исклучително интересна и верувајте дека нема да почувствувате ниту замор, ниту терет, туку само задоволство. Прекрасна и креативна активност која многу ќе го изненади целото семејство и гостите!

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 1 и 1/2 лажица шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 25 гр квасец или 2 ¼ лажички сув квасец
  • 50 мл млака вода
  • 2 јајца
  • 170 мл млако млеко
  • 60 гр растопен путер.

За премачкување:

  • 1 јајце
  • сусам
  • ленено семе, афионово семе по желба

Подготовка:

  1. Во поголем сад за месење ставете брашното, шеќерот и солта.
  2. Во помал сад убаво растопете го и измешајте го квасецот со млаката вода, а потоа додајте го во садот со брашното.
  3. Потоа во садот додајте ги јајцата и млакото млеко.
  4. Со помош на лажица измешајте ја смесата, убаво соединете ги состојките, а потоа додајте го и растопениот путер и замесете го тестото со раце. Месете додека тестото стане меко и мазно.
  5. Покријте го со платнена крпа и оставете го да стои на топла, односно на собна температура за време од 1 час. Ќе познаете дека тестото е готово кога ќе постигне двојна големина.
  6. Додека тестото нараснува, направете корнети од хартија, прекриени со алуминиумска фолија. Препорачуваме од видеото да ги погледнете деталите поврзани со изработката на калапите за корнетите.
  7. Нараснато тесто поделете го на 8 дела, па оставете го да одмори 5 минути. Секој дел исучете го како лента или во вид на јаже со должина од 80 см и завртете го околу калапот за корнет, како што е прикажано во видеото.
  8. Корнетите ставете ги во тава обложена со хартија за печење, оставете ги да одморат 20 минути. Потоа со помош на кујнска четка премачкајте ги со јајце и по желба наросете сусам и ленено семе, афионово семе и слично.
  9. Печете ги на температура од 200 степени за време од 16 до 18 минути, додека добијат убава златна боја.
  10. Печените солени корнети оставете ги да се изладат, а потоа отстранете ги корнетите со алуминиумска фолија.

Вака подготвените солени корнети може да ги наполните со фил по ваша желба. Наши фил предлози се руска салата, малиџано салата, зазики сос -салата, крем салата со компир и мајонез, салата со праз и целер, крем салата со пилешко месо и цвекло и слично.

Еве како сето тоа практично се изведува.

Сподели: