храна при ПМС

Со правилен избор на храна против ПМС

Ако и вие сте дел од жените кои страдаат од предменструалниот синдром (ПМС) следните совети ќе ви бидат од голема корист. ПМС е голем проблем со кој се соочуваат многу жени, а главна причина за тоа е промената на нивото на хормоните во телото со што се предизвикуваат различни физички и емоционални симптоми како нервоза, зголемено чувство на глад, појава на акни, вознемиреност, главоболка, замор, подуеност, чувствителност на градите и сл.

Добрата вест е што можете да ги ублажите или целосно да ја спречите појавата на симптомите на ПМС со помош на правилен избор на здрави намирници во проблематичниот период.

Брокулата, кељот и спанаќот ќе ви помогнат за намалување на надуеноста

Зелениот лиснат зеленчук е одличен извор на витамин А и растителни влакна, кои придонесуваат за намалување на надуеноста. Високата количина на вода која ја содржат ќе ве ослободи од надуеноста, гасовите и нелагодноста. За да ги намалите овие симптоми ви препорачуваме да не консумирате многу солени намирници кои предизвикуваат спротивен ефект од она што го посакувате.

Лососот и чиа семето го подобруваат расположението

Омега 3 масните киселини кои во голема количина ги има во лосос и чиа семето го подобруваат расположението, а повеќе истражувања покажале дека имаат позитивно дејство како антидепресиви.

храна при ПМС

Консумирајте интегрална храна

Интегралниот ориз и производи од интегрално брашно, содржат сложени јаглени хидрати кои го поттикнуваат дејството на серотонинот – хормонот на среќа. Овој хормон помага за подобро расположение, намалување на нервозата и зголемување на позитивната енегрија.

Јадете банани за да ја намалите несоницата

Пореметувањето на сонот пред месечниот циклус е многу чест проблем, кај повеќе жени. А, утврдно е дека недостатокот на сон, доведува до зголемена осетливост на болка, што значи дека би биле поизразени болките за време на ПМС периодот. Бананите помагаат за регулација на природниот ритам и намалување на несоницата.

Победете ја главоболката со семки од тиква

Ако ве мачи главоболка, било тоа да е пред месечниот циклус или за времетраењето, магнезиумот ќе ви дојде одлично. Семките од тиква овозможуваат опуштање на крвните садови, со што се намалува главоболката.

Надминете го прекумерниот глад

Започнете го денот така што ќе појадувате јајца, појадок кој е богат со протеини, здрави масти и витамини. Тоа ќе ви ја пружи потребната енергија и ќе го регулира организмот во подоцнежните часови добро да се справува со гладот.

Сподели: