Храна која се бори против канцер на дојка 1

Храна која се бори против канцер на дојка

Животниот стил како и изборот на намирници, начинот на нивна подготовка и долгорочното однесување кон храната, имаат големо влијание врз појавата на канцерогени заболувања, особено ако се исклучи генетската предиспозиција. Ова е од пресудна важност и треба да се знае, за да може навреме да се превенира или пак излекува карциномот, секако доколку се открие навреме. Во продолжение ви претставуваме неколку намирници кои помагаат во борбата против канцер на дојка, но исто така се корисни и за превенција на ова заболување во целиот организам.

Иако не се знае со сигурност која храна обезбедува најдобра заштита од оваа злокобна болест, научниците откриле врска меѓу храната и развојот на ракот. Така, некои намирници како што е рибата, може да го спречи растот на канцерогените клетки, додека пак лиснатиот зеленчук може да го спречи прекумерното излачување на хормоните кои предизвикуваат појава на канцер.

Храна која се бори против канцер на дојка 2

Крстоцветни зеленчуци

Оваа фамилија на зеленчуци содржи супстанции т.н. глукозинолати кои им го даваат и карактеристичниот горчлив вкус. Научниците откриле дека токму таа супстанција го спречува оштетувањето на ДНК. Најистакнати претставници на оваа фамилија зеленчуци се:

  • карфиолот
  • зелката
  • лукот
  • кромидот.

Лиснат зелен зеленчук

Некои научни студии покажале дека лиснатите зеленчуци како што се кељот и спанаќот го намалуваат ризикот од појава на рак на дојка.

Мешунки

Намирниците како што се грав, леблебија и леќа можат исто така да го намалат ризикот од канцер на дојката. Оваа храна е одличен извор на протеини, а содржи и калциум, железо и витамин Б.

Домати

Доматите имаат висока содржина на антиоксиданси. Тие содржат и ликопен кој исто така е одличен борец против оваа болест. Ликопенот, освен во доматите го има и во лубеницата и папајата.

Овошје и зеленчук

Овошјето и зеленчукот се богати со антиоксиданси и витамини, вклучувајќи ги и витамините Ц, Е и фолатите. Покрај тоа, содржат и растителни влакна, па се препорачува дневно да се внесуваат најмалку 400 грама на овошје и зеленчук.

Риба богата со омега 3 масни киселини

Истражувачите од Универзитетот во Дедиње го испитувале влијанието кое омега 3 масните киселини го имаат врз организмот. Со анализите биле опфатени повеќе од 800.000 жени од кои 20.000 имале канцер на дојката. Резултатите покажале дека исхраната богата со овие здрави масни киселини, односно рибата, го намалува ризикот од канцер за 14%.

Маслиново масло

Екстра девственото маслиново масло е најдобар избор за подготовка на јадење, затоа што е многу богато со антиоксиданси и фитонутриенти. Антиоксидансите делуваат превентивно против настанувањето на рак на дојката, со оглед на тоа што го спречуваат штетното дејство на слободните радикали кои се наталожуваат во организмот. Едно истражување покажало дека лицата кои го практикуваат медитеранскиот начин на исхрана, имаат дури 62% помал ризик да заболат од оваа болест, во споредба со оние кои поретко го користат маслиновото масло.

Ако сакате да набавите маслиново масло со проверен квалитет, дефинитивно ви го препорачуваме маслото на Фила, кое го има во различна амбалажа и тоа шише од 250 мл – 100% екстрадевственото маслиново масло, а исто така имате и амбалажа на маслиново масло од 1000 мл. Нив можете да ги набавите од онлајн продавницата на Фила или пак од сите поголеми маркети.

Ленено семе 

Лененото семе содржи лигнани и фитоестрогени. Една студија која била спроведена во 2009 година покажала дека ризикот од појава на рак на дојката кај жените во постменопауза драстично се намалил кај оние кои консумирале исхрана богата со лигнани. Откако ја откривме Фила, исто како и маслиновото масло и лененото семе, како и многу други здрави ладно цедени масла и семиња, ги набавуваме од нив. Проверени ни се во квалитет и можеме да ви ги препорачаме. Така, ако сакате да го пробате лененото семе на Фила,  истото може да го купите тука од нивната онлајн продавница или да ги посетите поголемите маркети ширум нашата земја.

Ви препорачуваме да прочитате: 2 причини да консумирате карфиол за превенција од карцином.

Сподели: