Јаболката се сојузници на убавата кожа

Јаболката се сојузници на убавата кожа

Јадете ли барем едно јаболко на ден? Сакате ли убава и сјајна кожа? Тајната се крие во нашите најубави и највкусни јаболка, секако доколку се одгледани органски или еколошки и се набавени од локални производители. А има многу причини поради кои може да ги прогласиме за сојузници на убавата кожа. 

Јаболката се богати со витамини А, Б, и Ц, и со минерали како калциум и фосфор. Јаболката содржат и ензими кои помагаат во разградувањето на целулитот. Благодарение на изобилството на витамини и минерали, јаболката се дел од алтернативната козметика.

сојузници за убава кожа

Јаболкото ја прави кожата посветла и блескава

Ова овошје има потенцијал да ја осветли и смири воспалената кожа, а и да и даде здрав сјај. Тоа се должи благодарение на колагенот и еластинот кои ги содржат јаболката. Така, редовна консумација на јаболка ќе ви ја освежи кожата и ќе и даде младешки сјај и совршен тен.

Јаболковата киселина има тонирачки својства

Јаболковата киселина е одличен природен тоник за чистење на порите на кожата. Оваа киселина ја стимулира циркулацијата на крвта на површината на кожата и ја регулира pH вредноста. Тоа и овозможува на кожата да ја ограничи хиперпродукцијата на маснотиите од кои се создаваат митесери и акни.

Помагаат во превенција на канцер на кожа

Јаболкото содржи мала количина на витамин А, кој игра витална улога во развојот на кожата. Овој витамин допринесува младата незрела кожа, да се развие во зрело и функционално ткиво. Витаминот А го намалува и ризикот од рак на кожата. Едно големо зрело јаболко обезбедува околу 120 меѓународни единици на витамин А, со што се задоволуваат околу 4% од дневните потреби за овој витамин.

Затоа, не заборавајте да јадете јаболка и да уживате во придобивките кои ви ги нуди природата.

Ви предлагаме да прочитате: Како да ги чувате јаболката во зима за да ви траат подолго.

Сподели: