Летото е идеално време за уживање во вкусни и освежителни јадења! А што да се прави за ручек, што да се прави за вечера и да биде омилено? Имаме супер летни рецепти со свинско месо кои ќе им се допаднат на сите, а особено на најмалите и тинејџерите.
Гирото, со своите тенки парчиња месо сервирани во пита со свеж зеленчук и сос од јогурт и лимон, нуди совршен баланс на вкусови. Ражничите со зеленчук се добра промена на менито, а печениот свински врат на скара – супер избор за секоја пригода.
1. Брзо гиро
Гирото е популарно јадење со свинско месо, кое се подготвува со маринирање на месото во ароматични зачини како рузмарин, оригано и лук. А за летните вечери го споделуваме рецептот за брзото гиро. Кликни и погледни ги состојките и подготовката.
2. Сочни печени ражничи од свинско месо и зеленчук
Кога месото е со добар квалитет и се користат сезонски зеленчуци, ражничите се прав избор за ручек или вечера. А за месо се знае кои се најдобри – Агриа. Во нивните месарници или Тинекс и Рамстор маркетите може да го пронајдете домашното, македонско свежо свинско месо. Ражничите најдобар вкус имаат кога се испечени на скара, а вкусни се и на грил тава или ер фраер. Рецептот погледни го тука.
3. Мариниран свински врат на скара
Свинскиот врат на скара е одличен избор за летните забави! Месото се маринира со црвено вино и масло, а потоа се пече на скара до златно-кафеава боја. Сервирајте го со печен зеленчук или свежа салата, за да создадете совршен оброк кој ќе ги воодушеви вашите гости. Рецептот е тука.
И за крај те потсетуваме – за сите новости, акции и слободни работни места заследи ги Агриа на Facebook и Instagram.
Може да те интересира: Едноставен рецепт за печено свинско месо.
*Рецептот е овозможен од Агриа.