Ако може да си направиме дома, нема подобро! Потребно е само да сакаме да издвоиме малку време и да се обезбедиме со нешто домашно и без конзерванси. Па, повелете 3 рецепти за домашен џем од црни сливи, читајте и одберете си нешто за да пробате.
Може да ве интересира: Реден колач со модри сливи.

Здрав џем од модри сливи и мед
Еден од џемовите кој традиционално се припрема во нашите домови е џем од црни сливи. А ние овој пат решивме да пробаме да го направиме во поздрава варијанта и наместо шеќер, ставивме мед. Вкусот на овој џем од црни сливи и мед е многу подобар во споредба со џемот направен со шеќер, па ви предлагаме и да го пробате овој рецепт. Рецептот за здравиот џем од црни сливи и мед, прочитајте го тука.
Џем од сливи со цимет и рум
Класика, но со нови фини ноти. Овој пат со доза егзотика! Можете ли да замислите ароматично доживување кое ги радува вкусните папили во устата? Толку е вкусен вака припремениот џем од сливи со цимет и рум. Мирис кој ќе го посакувате секое утро! Нема многу шеќер, а дозата е мала. Лесно се прави, уживајте, а еве го рецептот.
Џем од црни сливи во рерна
Еден од џемовите кој традиционално се припрема во нашите домови е џем од црни сливи. Овој џем највкусен е на парче леб или може да го користите како фил за колачи. За негова подготовка најдобро е да се користат зрели, меки, црни сливи. Нема потреба да губите време за мешање, затоа што се прави брзо и лесно. Рецептот за џемот од црни сливи во рерна, прочитајте го тука.
Ви препорачуваме да прочитате: Компот од црни сливи и цимет.