Само со неколку состојки кои сигурно ги имате во кујната може да направите убав десерт. Овој овошен и сочен колач со модри сливи ни доаѓа од кујната на Клара.
Лесно може да го направи секој, па вреди да се проба ова лето.

Состојки:
- 330 гр брашно
- 300 гр шеќер
- 300 гр гриз
- 1 ќесичка прашок за печиво
- 300 мл млеко
- 50 мл масло
- 1 јајце
- 1 кг модри сливи
- 2-3 ќесички ванилин шеќер.
Подготовка:
- Најпрво се мешаат сувите состојки (брашното, шеќерот, гризот и печивото).
- Во друг сад со жица убаво измешајте ги течните состојки (млекото, маслото, јајцето).
- Сливите се сечат на половина. Ако правите еден ред фил, оставете ги така, а ако правите 2 реда, тогаш исецкајте ги на коцкички.
- Тавата премачкајте ја со масло и почнете со редење.
- Доколку ставате 2 реда фил, сувата смеса поделете ја на 3 дела, а доколку ставате само еден ред, тогаш поделете на 2 дела.
- Се започнува прво со ред од сувата смеса, па се става ред фил од сливи врз кои се посипува ванилин шеќер и на крај се завршува со ред сува смеса.
- Врз сето тоа се полева течната смеса и се боцка со виљушка за убаво да пробие во внатрешноста.
- Додека се загрее рерната на 200 степени, колачот треба да стои, но повремено пак боцкајте го.
- Печете додека порумени одозгора и стане тврдо на допир. Печениот реден колач со модри сливи извадете го од тавата и оставете го да се излади. Потоа, исечете парчиња и послужете го наросен со шеќер во прав. На здравје!
Рецептот го испратил: Клара Бос.
Ви предлагаме да прочитате: Експресно брза сусам торта.