3 намирници кои може да ги јадете секој ден

3 намирници кои може да ги јадете секој ден

Дали и вам ви се случило понекогаш да ви се досади секојдневно да смислувате што ќе јадете?  Дали некогаш сте се запрашале дали има нешто што може да го јадете секој ден? Овие 3 намирници може да ги јадете секој ден или скоро секој, а од нивната консумација со сигурност ќе имате само корист. Покрај тоа, тие се достапни преку целата година. Па, се надеваме дека многу ќе ви го олесниме изборот на храна со овие 3 здрави и лесно достапни намирници.

Сите ние знаеме дека нема подобар начин од тоа да се започни денот со едно јаболко, или колку се здрави морковите и оревите. Па, не е ни чудо што токму овие 3 намирници може без грижа на совест да ги јадете секојдневно, а при тоа да имате само корисни здравствени придобивки од нивната консумација.

намирници за секој ден

Јаболка

Јаболката се исклучително богат извор на фитонутриенти, антиоксиданси, флавоноиди, растителни влакна и витамин А. Особено е значаен флавоноидот кварцетин, кој ги проширува артериите на срцето, а дејствува и превентивно против неколку видови на рак. Некои истражувања покажаа дека секојдневната консумација на јаболка помага во превенцијата и лекувањето на следните здравствени проблеми:

  • го намалуваат ризикот од мозочен удар предизвикан од тромб
  • го намалуваат ризикот од дијабетес
  • го намалуваат ризикот од Алцхајмерова болест.

Моркови

Морковите претставуваат одличен извор на бета каротен, растителни влакна, витамин А, фолна киселина (Б9), калиум, бакар и магнезиум. Некои истражувања покажаа дека морковите имаат превентивно и лековите дејство кај следниве здравствени проблеми:

  • помагаат при констипација
  • го намалуваат ризикот од проблеми со видот (макуларна дегенерација)
  • го намалуваат ризикот од рак на бели дробови – некои истражувања покажаа дека лицата кои консумираат големи количества не бета- каротен го намалуваат ризикот за 40% од рак на бели дробови, а морковите се едни од најголемите извори на бета – каротен.

Ореви

Оревите се едни од најздравите јаткасти плодови. Тие се одличен извор на алфа – линоленска киселина (АЛА), растителен облик на омега 3. Исто така ја содржат и аминокиселината л – аргинин, која е исклучително важна за здравјето на срцето. Некои истражувања покажаа дека секојдневната консумација на ореви ги превенира следниве здравствени состојби:

  • го намалуваат целокупниот холестерол во крвта така што го намалува лошиот, а го покачува добриот холестерол.
  • го намалуваат покачениот крвен притисок
  • помагаат во ублажувањето на метаболитичкиот синдром (кој им претходи на дијабетесот и срцевите заболувања)
  • ја подобруваат состојбата на крвните садови при дијабетес.

Ви препорачуваме да прочитате:  Јаболко за слабеење – намалете го внесот на калории на здрав начин.

Сподели: