јаболко за слабеење

Јаболко за слабеење – намалете го внесот на калории на здрав начин

До губење на телесните масни наслаги може да се дојде само со рестрикција на внесот на калории. Доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми, тоа може да го направите на многу едноставен начин. Сѐ што треба да направите е во исхрана да вклучите јаболко за слабеење. Со негова помош ќе го намалите внесот на калории на здрав начин. Не ви се верува? Погледнете ги нашите предлози!

Во продолжение погледнете го предлог менито со кое ќе ви помогнеме да ги вклучите јаболката во исхраната на повеќе начини и да го намалите вишокот на килограми.

јаболко за слабеење

Појадок: Направете овесна каша и засладете ја со јаболко

Една лажица кафеав шеќер има околу 53 калории, а доколку додадете две тоа се 104 калории. Додека половина чаша рендани јаболка содржи само 51 калорија. Па така, наместо да додавате шеќер или мед, во овесната каша додајте рендано јаболко. На овој начин не само што ќе добиете вкусен и хранлив оброк, туку ќе внесете и многу дополнителни витамини, минерали и растителни влакна.

Може да ве интересира: Здрав појадок без глутен и лактоза за 5 минути.

Претпладневна или попладневна ужина: Свежо јаболко

Наместо за ужина да изедете парче пита, кроасан или крофна кои може да содржат и повеќе од 300 калории, изедете едно свежо јаболко. Едно големо јаболко содржи само 120 калории. Така, не само што ќе заштедите 180 калории дневно, туку и ќе внесите витамини, минерали и околу 5,5 г растителни влакна. Покрај тоа, јаболката ќе ве држат сити до наредниот оброк.

Десерт: Овошна салата од јаболко, мед и цимет

Наместо да јадете сладолед или чоколадо кои имаат околу 300 калории, исечкајте едно мало јаболко кое има само 80 калории, прелијте го со лажица мед и посипете го со цимет. На овој начин ќе добиете многу здрав и вкусен десерт кој содржи помалку од 150 калории. Рецептот за салатата од јаболка, мед и цимет, прочитајте го тука. Или, едноставно испечете едно јаболко и изедете го незасладено, посипено со малку цимет.

Ви препорачуваме да прочитате: Со јаболко до совршена кожа – 5 придобивки.

Сподели: