најздрави сирења 1

4 најздрави типови на сирење

Имаме добри вести! Ако сте љубител на сирење, може да уживате во неговиот вкус, без да се грижите. Сирењето е добар извор на протеини, калциум и фосфор. Има и други придобивки по здравјето, но треба да знаете неколку нешта за да го изберете најдоброто што е правилно за вас и да го консумирате умерено.

Постојат многу видови на сирења, а ние ги издвоивме 4-те најздрави. Веруваме дека ви се добро познати. Ако до сега не биле дел од секојдневните јадења, време е да вклучите некое од најздравите сирења во редовната исхрана.

најздрави сирења 2

Албуминско сирење – урда (изварка)

Постојат многу причини за да јадете изварка: богата е со протеини, содржи малку масти, а се вклопува во секој оброк. Во 30 грама изварка има 5 грама протеини и само 50 калории, а како и сите останати сирења, богата е со калциум. Добро е да знаете дека урдата помага за зајакнување на имуниот систем, го зголемува капацитетот на апсорбција на хранливите материи и минерали во цревата, помага за здрави коски и заби.

Фета сирење

Фета сирењето е типичен претставник на грчката кујна, а има помалку масти и калории во споредба со другите типови на сирење. Просечно во 30 грама фета сирење има 4 грама протеини и само 74 калории. Како резултат на карактеристичниот, јак вкус, фета сирењето може да се користи по помали количини. Може да го користите во салати, чорби, а добро се комбинира со компири.

Совет плус: Секогаш купувајте фета сирење кое е направено од пастеризирано млеко, а особено ова важи за трудниците и лицата кои имаат ослабен имунитет. Имајте на ум дека фета сирењето и другите меки сирења кои се направени од непастеризирано млеко може да ја содржат штетни бактерии по здравјето, како листерија.

Моцарела

Моцарелата е едно од сирењата кои широко се користат во светски рамки. Моцарелата кој е направена од делумно обезмастено млеко содржи помалку калории, а богата е со протеини. Во порција од 30 грама моцарела има 71 калорија и 7 грама на протеини. Најчесто се користи при подготовка на пица, но одлично се вклопува и во салати.

Пармезан

Покрај фета сирењето, во оваа листа го сместивме и пармезанот. Неговиот богат и силен вкус ќе го збогатат јадењето, без притоа да консумирате поголеми количини. Бидејќи е богат со натриум се препорачува негова умерена консумација. Може да го користите како додаток во салати или да го нарендате во пица и тестенини.

Ви предлагаме да прочитате: Брза пита со праз, сирење и карфиол – без глутен.

Сподели: