Фокачата претставува традиционално италијанско јадење кое многу потсетува на пица. Станува збор за рамен леб прекриен со ароматични зачини и други состојки по желба. Најчесто се комбинира со босилек и шери домати, но може да се направи во безброј комбинации. Во оваа прилика ги издвоивме најдобрите рецепти за посни фокачи кои се приготвени од нашите автори.
Посна фокача со компири, маслинки и домати
Постите нека бидат повкусни и полесни! Имаме нов рецепт кој ќе го освои сечиј вкус. Станува збор за посна фокача со компири, маслинки и домати. Зачинета со рузмарин за екстра медитерански вкус. Предлог ни доаѓа од нашата пријателка Диана, а рецептот е испробан во нејзината кујна.

Едноставна италијанска фокача со крупна сол и маслиново масло
Некогаш и наједноставните рецепти се највкусни. Ако не обожавате фокачи со фил, пробајте го овој рецепт за италијанска фокача со крупна сол и маслиново масло. Вака подготвена, лесно може да се комбинира со разни намирници по сечиј вкус на сите во домот. Но, по желба може да ја наредите со разни зачини, маслинки, шери домати или други состојки по ваш вкус..
Интегрална фокача со сладок компир
Гарантирано ќе го израдувате стомакот и сите сетила! Креативната Катерина, инспирирана од италијанската кујна и овој пат ни предлага еден интересен рецепт за интегрална фокача со сладок компир, доматчиња, лукче, оригано… Ароматична гозба за сите љубители на храната!
Посна фокача со фил од туна, кромид и домати
Специјално за љубителите на вкусни печива со фил, а одлична и за сите кои обожаваат посна храна. Оваа посна фокача со фил ќе ги израдува вашите сетила, ќе ги задоволите вашите апетити за вкусно уживање и ќе ги израдува вашите домашни сигурно! Едноставна е за подготовка, како и многу рецепти кои ги предлага креативната Кате. А, штом доаѓа предлогот од неа, ви потврдуваме дека е превкусно!
Ви предлагаме да прочитате: Фокача во тава со шунка и кашкавал.