млечна пена за кафе

4 начини за подготовка на млечна пена за кафе

Обожавате капучино со богата млечна пена? Ако сакате да уживате во вкусот на совршеното капучино во својот дом нема потреба да купувате скапи апарати. Млечната пена може да ја направите сами и тоа многу лесно. Изберете еден од четирите начини и препуштате се на богатата арома и вкус.

Метод 1 – млечна пена со помош на миксер

Во тенџере на оган, на умерено ниска температура ставете ладно млеко. Матете го со миксер додека добиете млечна пена. Тенџерето тргнете го од огнот, а пената додајте ја во кафето.

Метод 2 – млечна пена со помош на француска преса за чај

Во француска преса за чај, до половина од висината ставете млеко. Мешајте го млекото за време од 30-тина секунди. Потоа, млекото ставете го сад за микробранова печка. Топлете го млекото за време од 30 секунди. Со тоа, млечната пена е готова.

Метод 3 – млечна пена со помош на шејкер за кафе

Во сад или керамичка шолја ставете млеко до половина. Мешајте го со помош на шејкер за кафе за време 20-тина секунди. Садот ставете го во микробранова печка. Топлете го млекото за време од 30 секунди, а потоа во интервал од 10 секунди додека се затопли и се формира млечната пена. Овој начин е нашиот фаворит!

Метод 4 – млечна пена со помош на тегла

Во тегла ставете млеко до половина. Теглата затворете ја со капак и млекото мешајте го време од 30-тина секунди. Капакот тргнете го и ставете ја теглата во микробранова печка. Топлете го млекото за време од 30 секунди, а потоа во интервал од 10 секунди додека се затопли. Уживајте во млечната пена.

Ви предлагаме да прочитате: Како да направите кондензирано млеко.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: