запек совети и храна

5 совети кои ќе ви помогнат при запек и мрзливи црева

Понекогаш се случува цревата да престаната со празнење (запек), кое може да биде предизвикано од промена на секојдневните навики, стрес, годишен одмор, патување со авион, промена на временските зони, проблеми со семејството и работата, нов начин на исхрана и друго.

Голем број на лица го имаат овој проблем, кој не треба да се игнорира. За среќа, во повеќето случаи запекот е само привремен и едноставните промени во начинот на живеење (основно во исхраната) можат да го отстранат овој непријатен проблем. Доколку и вие се соочувате со овој проблем, следете ги следните совети:

Јаболката и крушите јадете ги со кората

Не треба да ги лупите јаболката и крушите, затоа што нивната кора изобилува со растителни влакна. Ви препорачуваме сами да одгледувате или да ги купувате од локален производител, за кој сте сигурни дека истите не се прскани голем број на пати.

запек совети и храна

Јадете портокали

Штом јадете портокал, не ја отстранувајте белата кожичка, затоа што е богата со растителни влакна кои го помагаат правилното варење на храната и редовното празнење на цревата.

Редовно консумирајте суво овошје

Освен портокалите, сувото овошје е богат извор на растителни влакна. Сувите сливи во однос на друго суво овошје содржат двојно повеќе антиоксидани. Во составот на сувите црни сливи се наоѓа концентриран сорбитол и растителни влакна, кои им даваат поголем лаксативен ефект во однос на свежите сливи.

Секојдневно јадете зеленчук кој го помага варењето на храната

Грашокот, морковот, гравот, компирот, брокулата, пченката, спанаќот, блитвата и зелената салата се одлично сојузници на доброто варење на храната. Потрудете се секојдневно да консумирате свеж зеленчук како салата или ужина.

Направете си појадок со овес

Овесот е житарица со извонредни карактеристики. Богат е со протеини, витамини (од групата Б, витамин К, Е, Д и провитаминот А), минерали (калциум, фосфор, калиум, железо, бакар, цинк, манган, натриум, магнезиум, сулфур, јод, флуор и бор) и есенцијални аминокиселини кои го поттикнуваат создавањето на црвените крвни зрнца. Овесните снегулки содржат најмногу растителни влакна во однос на другите жита. Со нивно редовно користење во исхраната, покрај превенирањето на појава на запек и подобрување на варењето на храната, се подобрува расположението, се зголемува будноста и работната способност.

Ви предлагаме да прочитате: 9 намирници кои помагаат при запек (остипација).

Сподели: