Сонце, природа, убава сенка и вкусна закуска се се што е потребно за еден идеален летен ден со друштвото или семејството! Бидејќи сме обожаватели на разните излети во планина, пикник собиранки и уживањето во плажа, направивме мала анкета и споделуваме со вас кои се најчестите омилени грицки и ужинки за совршен ден во природа и на плажа!
Ние имаме неколку омилени, па дел од нив ќе ви ги откриеме во текстот. А што велат одговорите на анкетираните, е позитивно изненадување за сите нас.
Микс коктел за грицкање
Вистински избор за целото друштво. Набавете си микс коктел од Natura за грицкање, ладно пиво и уживајте во крцкањето и шумот на воздухот, водата или птиците. На здравје!

Пријатно сладок микс од суво овошје
Ако имате потреба од нешто благо, посегнете по микс од суво овошје од Natura. Освен што е вкусно, добро е и за имунитетот.
Микс од суво овошје и јатки
Може да се каже дека овој е нашиот омилен! Па, ако сакате да останете подолго на плажа или на пикник локацијата, миксот од суво овошје и јатки од Natura може да биде добра замена за оброк. Од прилика една шака ќе ви овозможи ситост за неколку часа.

Нискокалоричните оризови галети
Засебно или во комбинација со некој мармалад или намаз, оризовите галети на Natura се создадени за време на излети со семејството. Децата посебно ги обожаваат, па почестете ги со нешто здраво за грицкање.
Лупен сончоглед
Лесно достапниот лупен сончоглед на Natura, беше на прво место од сите грицки. Добро нахранува, не предизвикува чувство на жед и нема проблем со својата исправност на топлото време. Идеја плус, направете си домашни лепчиња кои го вклучуваат ова вкусно семе. Ви предлагаме да го пробате рецептот за медитерански лепчиња со сончоглед од нашата пријателка Славица.

Лупени семки од тиква
Тука се и семките од тиква на Natura. Лупени и спремни за јадење и супер за мезење во комбинација со ладно пиво под добра сенка. Предлог плус, посипете го сладоледот со нив, станува уште поинтересен за јадење.
Ваквите интересни и здрави закуски ја чуваат енергијата во топлите денови и тоа ни го потврдија многумина. А ние, секогаш ги набавуваме од Natura. Ни се допаѓа квалитетот и се одлични за секој ден!
Ви препорачуваме да прочитате: Овес во зрно, барем еднаш неделно на менито!
*Комерцијален текст.