mandarini 1

6 причини зошто да јадете мандарини секој ден

Мандарините се богати со витамин Ц, го подигнуваат имунитетот и го штитат телото од настинка и грип, помагаат во одржувањето на витка линија и се многу вкусни.  Има многу причини зошто да јадете мандарини, а еве само еден мал дел од нив.

Нашите пазари сега изобилуваат со ова вкусно и сочно овошје и навистина би било штета да не се искористат максимално сите негови благодети. Па, оваа зима имајте послилен имунитет, витка линија и убава кожа.

mandarini 2

Мандарините помагаат во одржувањето на витка линија

Мандарината претставува идеално овошје за зајакнување на имунитетот и за намалување на непосакуваните килограми. Изобилува со витамините Ц и А, фолна киселина и калиум, а содржи и витамини од Б групата, магнезиум, цинк, бакар и железо. Па, ако сакате да имате витка линија, слободно јадете мандарини секој ден.

Го намалуваат нивото на лош холестерол

Некои истражувања објавени во списанието „Дијабетес“  истакнуваат дека кората на мандарина содржи хранливи состојки кои го намалуваат лошиот холестерол.

Ја намалуваат дебелината и опасноста од срцев и мозочен удар

Хранливите материи со кои изобилува ова овошје ја намалуваат дебелината и го намалуваат ризикот од појава на дијабетес тип 2 и артериосклероза. Всушност, мандарините заштитуваат од болести кои може да доведат до појава на срцев или мозочен удар.

Лесно се вклопуваат во многу јадења

Мандарината е намирница која може да се користи во различни јадења, особено во свежи овошни салати. Сокот од мандарина може да го користите во јадења од тестенини, како и во колачи. Исто така, сокот може да го користите и во подготовка на јадења со пилешко месо или риба.

Ја негуваат кожата

Од мандарините може да направите и маска за лице за поздрав и блескав изглед на кожата. Се што треба да направите е да земите  4 парчиња мандарина кои ќе ги исчистите од семките и со помош на блендер ќе ги изблендирате заедно со лажица јогурт и лажица мед. Вака подготвената маска нанесете ја на лицето и оставете ја да дејствува околу 10-20 минути. Потоа, добро измијте го лицето. Оваа маска може да ја користите до 2 пати во неделата доколку имате мрсна кожа, а еднаш доколку имате сува или нормална.

 Го подобруваат расположението

Верувале или не, мандарините може да го подобрат расположението, тврдат научниците од Клиниката Мејо. Мирисот на мандарина помага во намалувањето на стресот и депресијата. Па така, доколку сте имале лош ден и сакате да се чувствувате опуштено, обидете се да се расположите со мандарина наместо со антидепресиви.

Совет плус: Кога купувате мандарини, секогаш бирајте ги оние кои содржат поголема количина на сок. За да не ја изгубат својата хранлива вредност чувајте ги подалеку од директен извор на светлина. Консумирајте ги во рок од 7 дена, од денот кога сте ги купиле.

Ви препорачуваме да прочитате: 17 причини за да јадете мандарини.

Сподели: