8 зеленчуци кои може да ги одгледувате во саксија

Засадувањето на растенијата во домот не е само идеално решение за оние кои живеат во градовите и немаат дворови, туку е и одличен начин да преку целата година имате свежи намирници при рака, без разлика на сезоната. Ви претставуваме осум зеленчуци кои може да ги засадите и одгледувате во саксија и во текот на зимскиот период. Сјајно, зар не?

Пиперки

Сѐ додека во куќата имате топло и сончево место до 23 степени, во вашиот дом без никаков проблем ќе може да одгледувате различни сорти на пиперки. Најдобро ќе ви успеат бабурите, а за нив ќе ви бидат потребни малку поголеми саксии затоа што бараат повеќе простор.

зеленчуци во саксија

Млад кромид

Младиот кромид е зеленчук кој многумина го обожаваат, а чија сезона трае кратко. Тоа сега може да го промените, така што ќе засадите млад кромид во сопствениот дом. Треба да знаете дека овој зеленчук е еден од наједноставните за одгледување. Сѐ што треба да направите е да купите млад кромид од продавница. Долниот дел ставете го во тегла со вода и оставете го да пушти никулци, па потоа заседете го во земја. Или, едноставно ставете го во вода и почекајте нови изданци. По потреба додавајте уште вода.

Може да ве интересира: Топ 5 совети за домашно одгледување на зачини во кујната.

Ротквици

На ротквиците му е потребно неколку недели додека се добијат првите плодови. Засадете ги во поголеми садови и чувајте ги на добро осветлено место. Во топлите денови изнесете ги на балконот за да бидат подобро изложени на сонце.

Босилек

Зачините се едноставни за одгледување и одржување во стан. Доволно е босилекот да го засадите во помала саксија и да го чувате на прозорец, по можност на јужна страна. Редовно наливајте го со вода и отстранете ги цветовите штом се појават. На ист начин може да засадите рузмарин, жалфија и нане.

Лук

Ако сте љубител на млад лук чија арома е многу поблага од зрелите чешниња, тогаш сигурно информацијата дека може да одгледувате млад лук во станот ќе ве израдува. Едноставно, земете една главица лук и одвојте ги чешнињата. Потоа, засадете ги во земја и ставете ги на осветлено место со добра циркулација на воздухот. Полевајте го со вода, секој втори ден.

Зелена салата, магдонос и коријандер

Многу се лесни за одгледување, но им е потребно добро осветлено место, а на коријандерот многу простор. Засадете ги и редовно полевајте ги со вода.

Ви предлагаме да прочитате: Одгледување на зеленчук и лековити билки во куќа или стан.

Сподели: