8 здравствени придобивки од сокот од моркови

Сокот од моркови најчесто го пиеме во комбинација со сок од цвекло, со цел да ја подобриме крвната слика и да го надоместиме дефицитот на железо. Но, дали знаете дека сокот од моркови има многу лековити својства и се препорачува да се консумира често? Здравстените придобивки од сокот од моркови се многубројни, па ајде да ги разгледаме!

Морковот е зеленчук кој е богат со многу хранливи материи. Како резултат на тоа се препорачува за превенција на многу болести, го подобрува видот, здравјето на косата, кожата и ноктите. Затоа, секојдневното пиење на една чаша сок од моркови треба да стане здрава навика на секој кој се грижи за своето здравје и убавина.

сок од моркови

Го подобрува имунитетот и помага против срцеви заболувања

Морковите изобилуваат со бета каротен и со тоа се значаен извор на витаминот А, кој го подобрува здравјето на очите и е чувар на видот. Ако секојдневно внесувате витамин А, превентивно делувате на срцевите болести и го намалувате ризикот од мозочен удар.

Го намалува холестеролот

Една од најголемите придобивки на сокот од моркови е тоа што тој изобилува со калиум. Овој минерал го намалува холестеролот, го подобрува здравјето на црниот дроб и го намалува нивото на маснотии во жолчката. Калиумот заедно со магнезиумот го регулираат нивото на шеќерот во крвта и на тој начин го намалуваат ризикот од појава на дијабетес.

Го помага засирувањето на крвта

Сокот од моркови е богат со витамин К, кој има важна улога во засирувањето на крвта при повреда.

Помага во заздравувањето на рани и спречува крвавење од непцата

Овој сок изобилува со витамин Ц и доколку секојдневно го консумирате, вашите непца ќе бидат здрави, а раните побрзо ќе ви заздравуваат.

Превенира канцерогени заболувања

Сокот од морков делува како антиканцероген агенс. Зголемената консумација на каротеноидите кои ги има во овој сок го намалуваат ризикот од појава на рак на мочниот меур, простатата, дебелото црево и дојката.

Го подобрува здравјето на коските

Витаминот К кој се наоѓа во сокот од моркови е од огромна важност за здравјето на коските и игра голема улога во процесот на изградба на протеините во организмот. Тој исто така, го помага врзувањето на калциумот, а со тоа овозможува побрзо зараснување на скршениците на коските.

Го чисти црниот дроб

Сокот од моркови е одлична храна за чистење и детоксикација на црниот дроб. Отровите кои се насобираат во црниот дроб, може полесно да исфрлат од организмот со редовната консумација на овој сок. Крвотокот не може да се ослободи од сите отрови преку бубрезите и затоа тие мора да се излачуваат и преку кожата. А сокот од моркови го поттикнува и овој процес. Кога црниот дроб добро функционира, се спречува акумулацијата на масти, се подобрува дигестијата на храната и се намалува можноста од дебелеење и таложење на масни наслаги.

Помага во пренаталната нега

Овој сок е особено благотворен за трудниците и неродените бебиња. Во текот на бременоста секоја трудница би требало да консумира сок од моркови бидејќи го подобрува квалитетот на млекото, поради содржината на витамин А. Витаминот А позитивно делува на растот и развојот на фетусот и ги спречува инфекциите кај фетусот. Ако трудницата пие редовно сок од моркови во последните три месеци од бременоста се намалува можноста од појава на инфекции кои може да го зафатат плодот. Покрај тоа, бремените жени би требало да го пијат овој сок и поради големата количина на калциум со кој изобилува.

Совет плус: Иако овој сок е многу здрав треба да знаете дека тој нема да има ист позитивен ефект врз вашето здравје доколку истиот го засладувате со шеќер. За подобар вкус може да го мешате со свежо цеден сок од некое друго овошје и зеленчук. Одлично се комбинира со јаболка, лимони и портокали. Можете за вкус да му додадете малку ѓумбир или цимет. За најдобар резултат пијте по една голема чаша сок, секој ден.

Ви препорачуваме да прочитате: 10 причини за повеќе да вклучите моркови во вашата исхрана.

Сподели: