растителни извори на калциум

9 најдобри извори на калциум за силни коски и цврсти заби

Калциумот е неопходен минерал за  силни коски и цврсти заби, помага во изградбата на мускулната маса и е сојузник на работата на мозокот. И спротивно од мислењето на многумина, не се наоѓа само во млечните производи, калциум има и во многу други намирници! Дознајте кои се најдобрите извори на калциум.

За да ги задоволите потребите на телото со овој минерал, можете да уживате во овие повеќе намирници. Погледнете ја листата која ви ја припремивме!

Бел грав

Тој е добар извор на калциум, па слободно може да го да го додавате во салатите, да правите вариво или намаз кој е сличен како хумусот. Еве добар рецепт за едноставен посен намаз од печурки и грав.

Сардини

Сардините се одличен извор на омега 3 масни киселини, витамин Д и калциум. Сардините имаат достапна цена, може да се најдат во речиси секој маркет, а нутриционистите препорачуваат да се јадат барем еднаш до два пати неделно. Тие имаат минимална содржина на маснотии, а богати се со протеини. Покрај тоа, постојат 5 добри причини да јадете сардини.

Сусам

Семките на сусамот не се само украс за лебот и печивата. Тие се енергетска бомба богата со хранливи материи, помагаат во снижување на крвниот притисок и намалување на воспаленијата. Покрај другото содржат и калциум. Секогаш кога избирате, дајте му предност на интегралниот сусам. Кај нас, во поголемите маркети, продавници за здрава храна или на онлајн продавницата на Фила може да се најде и мелен интегрален сусам. Обезмастениот мелен интегрален сусам може да се користи самостојно, потопен во јогурт или млеко, или како додаток во оброк од мусли. Често се користи и како состојка во разни печива, како лебови, колачи и слично. Обезмастениот мелен интегрален сусам можете да го додадете во житарки, протеински шејкови и слично. Има солен вкус, така што може да се користат за приготвување на солена храна. А, да не го заборавиме и ладно цеденото сусамовото масло од Фила, кое исто така е многу богат извор на калциум. Прочитајте повеќе за употреба на ладно цеденото сусамово масло како лек и 10 негови здравствени придобивки.

извори на калциум

Сушени смокви

Тие се идеална ужинка, бидејќи го осигуруваат телото со растителни влакна, антиоксиданси, но и калциум. 

Кељ

Кељот е прехранбена намирница со висок процент на хранливи материи, меѓу кои и калциум. Бидејќи ретко се наоѓа на нашите трпези, ви предалагаме да прочитате за здравствените придобивки од консумацијата на кељ – здрав зеленчук за кој недоволно знаеме.

Бадеми

Посегнете по бадеми, секогаш кога и да ви е потребна ужинка или грицки. Тие се богати со калиум, витамин Е, железо и калциум. А за бадемите се вели дека се една од најздравите намирници во светот.

Портокали

Портокалите се добар извор на витамин Ц, кој го зајакнува имунитетот, а содржи и значајни количини на калциум кој ги зајакнува коските и забите. Најдобро е јадете ги свежи.

Тофу

Тофу е вегетаријанска алтернатива на сирење, кое се прави од мелена и варена соја, а е одличен начин за оброкот да го збогатите со протеини и калциум, а и мали количини на масти. Ако не знаете како да го приготвите, ви предлагаме рецепт за здрав и брз оброк – зачинето тофу сирење со грашок.

Алги

Алгите се одличен извор на калциум. Можете да ги комбинирате во рижото или во варива. За морските алги се знае дека се храна богата со минерали која ветува долг живот.

Ви препорачуваме да прочитате: Калциум за силни и здрави коски.

Сподели: