Кога ти се јаде нешто благо, а немаш многу време за подготовка, овие брзи здрави колачиња се одличен избор! Се подготвуваат со само пет состојки, без брашно, јајца, млечни производи и додаден шеќер. Природно слатки од јаболката и сувото грозје, со неодолива арома на цимет и кремаста нота од кикирики.
Овој едноставен рецепт е идеален за деновите кога сакаш домашен десерт со малку состојки и без комплицирана подготовка.

Состојки:
- 1 чаша dmBio пире од јаболка
- 2 лажици dmBio крем од кикирики
- 2 лажички dmBio цејлонски цимет
- 2 чаши dmBio снегулки од 4 житарици
- 4 лажици dmBio суво грозје

Подготовка:
- Во длабок сад ставете го пирето од јаболка и кремот од кикирики. Измешајте додека добиете изедначена смеса.
- Додајте го циметот и кратко промешајте.
- Додајте ги снегулките од 4 житарици и сувото грозје. Измешајте додека сите состојки убаво се соединат.
- Со помош на лажица земајте од смесата и формирајте колачиња врз тава обложена со хартија за печење.
- Печете во претходно загреана рерна на 180 °C околу 15 минути. Оставете ги кратко да се изладат пред да ги послужите.
Погледнете ја подготовката на видеото овде: 👇 (кликнете на сликата)

Мал совет:
Бидејќи колачињата не содржат брашно, јајца и путер, нивната текстура е помека и покомпактна. Оставете ги да се изладат за полесно да ги извадите од тавата и да ја задржат формата.
Едноставни, вкусни и со само пет состојки – овие колачиња се уште еден доказ дека за домашен десерт не се потребни многу состојки. Зачувајте го рецептот и пробајте ги!
Уште идеи за вкусни и здрави десерти:
Ако ти се допаѓаат едноставни десерти со внимателно избрани состојки, пробај ги и овие рецепти:
- Посен чоколаден чиа пудинг – кремаст и чоколаден десерт кој се подготвува лесно.
- Здрави чоколадни бомбици – вкусни мали залчиња, идеални кога ти се јаде нешто благо.
За повеќе вкусни рецепти, практични совети и идеи за секојдневна исхрана, следете ме на социјалните мрежи:
- Facebook – Марија Кочовска
- Instagram – @kocovska.marija
- TikTok – @marija.kochovska
- YouTube – Марија Кочовска

Уживајте во подготовката и добриот вкус!
*Рецептот е овозможен од dm Makedonija.
