Нашите пазари изобилуваат со домати, па ајде да ги искористиме и да си направиме вкусна домашна крем супа од домати. Може да ја послужите како предјадење, но и како главен лесен оброк во топлите летни денови. Лесна, брза, едноставна и вкусна, ете така би ја опишале оваа супа.
Постапката за подготовка на оваа супа е едноставно. На вас останува само да ги следите инструкциите и да си подготвите вкусен, здрав и хранлив оброк.

Состојки:
- 4 чаши свежи сечкани домати
- 1 главица кромид
- 4 каранфилчиња
- 2 чаши пилешки бујон
- 2 лажици путер
- 2 лажици брашно
- сол по вкус
- 2 лажички шеќер
Подготовка:
- Доматите темелно измијте ги и исечкајте ги на коцки.
- Кромидот исечете го на кругови.
- Вака подготвениот зеленчук додајте го во длабок сад, во кој ќе ги додадете и пилешкиот бујон и каранфилчињата.
- Варете околу 20 минути додека се соединат сите вкусови, а потоа садот тргнете го од оган.
- Потоа, со помош на рачен блендер изблендирајте го зеленчукот. Блендирајте додека добиете мазна и хомогена смеса.
- Во друг сад на оган растопете го путерот. Внимавајте температурата да е пониска.
- Потоа во садот со путерот, додајте 2 лажици брашно и 2-те лажички шеќер. Постојано мешајте додека добиете бешамел сос со светло кафеава боја.
- Во сосот додајте малку од смесата со домати. Повторно продолжете да мешате за да го избегнете создавањето на грутчиња.
- Бешамел сосот додајте го во останата смеса со домати и добро промешајте ја целата смеса. Зачинете со сол по вкус.
- Супата сервирајте ја додека е топла. Декорирајте со сечкано свежо нане, магдонос или босилек и крцкав печен леб или кубети. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Крем супа од домати.