Летно време и нови летни рецепти на sezahrana.mk. Овој пат ви предлагаме интересен рецепт за крем супа од домати.
Ако досега не сте пробале домашна крем супа од домати, топло ви препорачуваме да ја направите и дегустирате со семејството. Идеалната комбинација на домати, лук и босилек, на оваа крем супа и даваат посебна арома и вкус кој се памети.

Состојки:
- 3 лажици маслиново масло
- 2 главици ситно сечкан црвен кромид
- 2 ситно сечкани или рендани моркови
- 3 чешниња ситно сечкан лук
- 5 големи сечкани домати
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажица доматно пире
- ¼ чаша свежи листови од босилек
- 3 чаши пилешки бујон
- 1 лажица сол
- 2 мали лажички мелен црн пипер
- ¾ чаша павлака за готвење
- парчиња двопек за гарнирање.
Подготовка:
- Маслото загрејте го во големо тенџере на умерена температура. Во загреаното масло додајте ги сечканиот кромид и морковите. Пропржете ги за време од 10 минути, додека омекнат. Во тенџерето додајте го лукот и пропржете го околу 1 минута.
- Додајте ги доматите, шеќерот, пирето од домати, босилекот, пилешкиот бујон, солта и црниот пипер, и измешајте убаво. Штом супата зоврие, намалете ја температурата, тргнете го капакот и оставете да се вари за време од 30 до 40 минути, додека доматите омекнат.
- Тенџерето тргнете го од огнот, додајте ја слатката павлака и оставете ја супата кратко време да се излади. Потоа, ставете ја во блендер и миксирајте додека добиете хомогена смеса. Супата вратете ја во тенџерето, ставете ја на оган на ниска температура додека се затопи, па послужете ја топла. Сервирајте ја со млади листови босилек и парчиња двопек по желба. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Крем супа од моркови и компири.