Kрем супа од домати 1

Kрем супа од домати

Нашите пазари изобилуваат со домати, па ајде да ги искористиме и да си направиме вкусна домашна крем супа од домати. Може да ја послужите како предјадење, но и како главен лесен оброк во топлите летни денови.  Лесна, брза, едноставна и вкусна, ете така би ја опишале оваа супа.

Постапката за подготовка на оваа супа е едноставно. На вас останува само да ги следите инструкциите и да си подготвите вкусен, здрав и хранлив оброк.

Kрем супа од домати 2

Состојки:

  • 4 чаши свежи сечкани домати
  • 1 главица кромид
  • 4 каранфилчиња
  • 2 чаши пилешки бујон
  • 2 лажици путер
  • 2 лажици брашно
  • сол по вкус
  • 2 лажички шеќер

Подготовка:

  1. Доматите темелно измијте ги и исечкајте ги на коцки.
  2. Кромидот исечете го на кругови.
  3. Вака подготвениот зеленчук додајте го во длабок сад, во кој ќе ги додадете и пилешкиот бујон и каранфилчињата.
  4. Варете околу 20 минути додека се соединат сите вкусови, а потоа садот тргнете го од оган.
  5. Потоа, со помош на рачен блендер изблендирајте го зеленчукот. Блендирајте додека добиете мазна и хомогена смеса.
  6. Во друг сад на оган растопете го путерот. Внимавајте температурата да е пониска.
  7. Потоа во садот со путерот, додајте 2 лажици брашно и 2-те лажички шеќер. Постојано мешајте додека добиете бешамел сос со светло кафеава боја.
  8. Во сосот додајте малку од смесата со домати. Повторно продолжете да мешате за да го избегнете создавањето на грутчиња.
  9. Бешамел сосот додајте го во останата смеса со домати и добро промешајте ја целата смеса. Зачинете со сол по вкус.
  10. Супата сервирајте ја додека е топла. Декорирајте со сечкано свежо нане, магдонос или босилек и крцкав печен леб или кубети. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате:  Крем супа од домати.

Сподели: