заштита на кожата од сончевите зраци

Намирници кои ја штитат кожата од сончевите зраци

Заштитата на кожата од сончевите зраци започнува од чинијата! Koзметичките препарати, би штителе многу подобро, ако ја заштитиме кожата од внатре, односно ако се погрижиме да имаме правилна и балансирана исхрана. Како да знаеме што да направиме? Што значи ова? – Правилната исхрана ја штити нашата кожа од слободните радикали кои што ги уништуваат колагенот и еластинот – најважните компоненти на здрава кожа. Покрај бројните кремови и лосиони со UV фактор, ви предлагаме почесто да консумирате и некои намирници кои ефикасно ја штитат кожата од сончевите зраци.

ќофтиња од пилешко месо и грашок

Лесен рецепт за ќофтиња од пилешко месо и грашок

„Брзо, едноставно и вкусно! Овие ќофтиња од пилешко месо и грашок вреди да се најдат на вашето мени. Ако сакате да го воодушевите семејството со некое ново јадење, пробајте ги овие ќофтиња! Подготовката е многу лесна, а вкусот многу добар, па верувам дека веднаш ќе ве освојат! – препорачува Катерина од нашиот тим. 

домашни маски за лице од свежо овошје

Домашни маски за лице од свежо овошје

Во продавниците можете да најдете маски за секаква кожа и намена, но најдобро е истите да ги направите дома. На тој начин ќе бидете сигурни дека се добри за вашата кожа, без никакви хемикалии. Домашните маски за лице од свежо овошје се подготвуваат брзо и лесно, а посебно се пријатни во текот на летото бидејќи ја освежуваат кожата.

Совети за подобар сон и одмор во топлите ноќи

Проблемите со спиењето се многу чести кога температурите надвор се високи. Добар сон е неопходен за организмот, а ретко кој го има во текот на летото. Ветер од никаде, а спиењето покрај пуштена клима не е многу препорачливо. Па, што ни преостанува тогаш? – Еве неколку совети за подобар сон и одмор во топлите ноќи.

едноставни совети како да подготвите највкусен ослич

Едноставни совети како да подготвите највкусен ослич

Консумацијата на риба, на нашиот организам му обезбедува висококвалитетни протеини. Затоа, важно е во исхраната да биде вклучена често. Рибата е храна која содржи многу витамини и минерали, а благодарение на нив, човечкото тело функционира добро. Препорачуваме топло, да пробате да направите највкусен ослич, а подолу споделуваме како!

Д-р Нела Деспотовска советува: Ослободете се од непријатното зуење во ушите

Секогаш се добредојдени прашањата од читателите! Особено нè радува тоа што ни се обраќаат токму нам, а ние им помагаме колку што сме во можност. Овој пат, наша читателка се обрати за еден релативно чест проблем, а тоа е зуење во ушите. За да ѝ ги дадеме најдобрите, прашањето го испративме до Д-р Нела Деспотовска, која како и секогаш, со задоволство ни одговори. Во оваа прилика, тие совети ги споделуваме и со вас.

салата со тестенини, чиа семе и грозје

Кремаста салата со тестенини и пилешко месо

Предлозите за брз ручек секогаш се добредојдени, а особено кога температурите се високи. Баш таков рецепт најдовме на Инстаграм профилот на Сика, па со задоволство го споделуваме со вас. Направете кремаста салата со тестенини и пилешко месо!

Д-р Нела Деспотовска советува: 5 знаци дека ви е потребен магнезиум

Сите хранливи материи делуваат заедно со цел да обезбедат оптимално здравје и секој недоволен внес на било кој нутриент, вклучувајќи го и магнезиумот, може да ја наруши рамнотежата во организмот. Кога има дефицит на некој витамин или минерал, телото дава сигнали. Д-р Нела Деспотовска ни ги претставува најчестите знаци кои укажуваат дека ни е потребен магнезиум.

Вода - Најздравиот пијалак кој помага при слабеење

Вода – најздравиот пијалак кој помага при слабеење

Веројатно сте пробале секакви диети. Но знаете ли дека најефективен начин на слабеење е ако значително го зголемите внесот на вода во организмот?  Истражувањата покажуваат дека секоја диета е далеку поефикасна, а килограмите значително побрзо се топат доколку го зголемите внесот на вода.

ублажување на егзема 1

8 совети за полесен третман на егзема

Егземата претставува промена на кожата која предизвикува воспаление, црвенило, чешање… Најчесто се јавува кај новороденчињата и малите деца, а нешто помалку кај возрасните. Нејзиното третирање може да биде лесно ако се открие навреме. Штом забележите некој симптом кој асоцира на егзема, посетете лекар. А, еве и неколку совети кои ќе ви бидат од помош при третман на егзема.

Јогурт и кисело млеко за подобар метаболизам, расположение и здрав имун систем

Секој ден го започнуваш со јогурт или кисело млеко? Те освежуваат и ти даваат енергија? – Се сметаат за супер храна и тоа со право! Идеални се за појадок или вечера, а совршено се вклопуваат во различните сосови за салати. Неодамна на подарок добивме кисело млечни производи од Млекара Тетово, а тоа ни беше мотивација за нашето ново истражување. Јогуртот и киселото млеко, претставуваат балансиран извор на протеини, масти, јаглени хидрати, витамини и минерали. Благодарение на тоа нудат бројни придобивки за здравјето, а еве што велат најновите истражувања на оваа тема!

природни маски за лице

3 ефикасни природни маски за лице

Во денешно време ретко која дама има толку слободно време за да може постојано да оди на третмани за лицето. Зошто да трошите време и пари за професионални третмани, кога можете да направите сами природни маски за лице во вашиот дом? – Домашните маски за лице се навистина препорачливи и ефикасни, бидејќи сите состојки се природни, а потребни ви се само неколку минути за да ги измешате.

јагнешка капама со спанаќ

Јагнешка капама со спанаќ

Традицијата вреди да ја зачуваме и продолжиме! А традиционалните рецепти кои се пренесувале од генерација на генерација се оние најубавите и највкусните, нели? – Со големо задоволство, нашите пријатели Alfa-Plam споделуваат баш таков рецепт за јагнешка капама со спанаќ! Тие велат: „Ова е традиционално јадење кое најчесто се подготвува за велигденските празници. Вообичаено се прави со јагнешко месо и спанаќ, но може да се комбинира и со друг вид на месо. А бидејќи сега преку целата година имаме спанаќ и блитва, капамата може да ја направите кога ќе посакате.“