третмани за намалување на болките во колената

Д-р Нела Деспотовска советува: природни третмани за намалување на болките во колената

Со болки во колената не се соочуваат само повозрасните лица, туку сѐ почесто се јавуваат и кај помладата популација. Претходно поразговараме со Д-р Нела Деспотовска за причините, симптомите и третманот при болки во колената. А во оваа прилика ве запознаваме подетално со природните третмани за намалување на болките во колената, како што се исхраната, физичката активност и други корисни совети кои  Д-р Нела Деспотовска ги сподели со нас.

Телешка кашичка со компир, морков и тиквичка 1

Телешка кашичка со компир, морков и тиквичка

Здравата и избалансирана исхрана е клучна за правилен раст и развој на бебињата и малите деца. До 6 месеци се препорачува бебињата да се исклучиво на ексклузивно доење, а потоа да се започне со пробување на вкусови. Така дојдовме на идеја да ви предложиме вкусна и здрава телешка кашичка за најмалите и најмилите, а подолу ќе дознаете повеќе за рецептот.

здрава храна за убава коса

Како да го подобрите изгледот на косата? Топ намирници за есенскиот период

Косата ви опаѓа, сува е, брзо се мрси или пак имате првут? Се прашувате ли како да го подобрите нејзиниот изглед? – Безживотна сува коса која лесно се кине и опаѓа може да укажува на недостаток на одредени хранливи материи или на некои здравствени проблеми. За таа цел направивме листа на најдобрите намирници кои ја негуваат и хранат косата во есенскиот период. 

Запечен карфиол со јајца

Запечен карфиол со јајца, павлака и кашкавал

Ние ги обожаваме сезонските рецепти, а сега пазарите изобилуваат со карфиол.  Време е да набавите едно големо парче од овој здрав и вкусен зеленчук и да направите превкусен ручек за целото семејство. Ова е едно од оние јадења кои имаат потенцијал да станат ваши омилени. Па, нека во вашиот дом мириса на запечен карфиол со јајца, павлака и кашкавал.

миоми на материцата

Д-р Нела Деспотовска советува: Што може да помогне при миоми на материцата?

Миомите на материцата се често заболување кај жените на возраст од 35 до 50 години, но може да се јават и кај помладата женска популација. Оваа болест се манифестира со формирање и раст на бенигни тумори во миометриумот – мускулниот слој на материцата. Во светски рамки, три од четири жени се засегнати со појава на миоми, а тоа ни беше мотив да поразговараме со Д-р Нела Деспотовска од Тримекс. Што се миоми, што може да помогне и кои се препораките прочитајте во текстот кој следува.

Корнишони со копар и црн пипер 1

Корнишони со копар и црн пипер

Нешто што мора да направите оваа година за зимница се секако корнишони со копар и црн пипер! Малите краставички, зачинети со копар и црн пипер во зрно со екстра вкус! Крцкави, вкусни и без конзерванси.

Моќното црно семе е природен „лек“ за најтешките заболувања

Црното семе е едно од најлековитите растенија во светот, а како лек се користи уште 2-3 илјади години пред Новата ера. Ова семе штити од мозочен удар, ги зајакнува крвните садови и заштитува од разни воспалителни процеси. Во продолжение дознајте повеќе за лековитите својства на моќното црно семе, како и за маслото кое се добива од него.

Гратинирани тиквички со сирење 1

Гратинирани тиквички со сирење

Овојпат на ред се тиквичките кои ги има во изобилство скоро преку цела година, па добро би било да зготвиме нешто вкусно со нив. За денес ви предлагаме да си направите гратинирани тиквички со сирење. Едноставно, а многу вкусно!

14-ти роденден на иновативната компанија за ладно цедени масла Фила

14-ти роденден на иновативната компанија за ладно цедени масла Фила

Секој кој се насочил или барем се интересира за здравиот животен стил ја познава Фила! Тоа е дел од нивната мисија и цел. Нивно начело е промоција на здравиот начин на исхрана и едукација на граѓаните за значењето на ладно цедените масла во исхраната и животот. Нивните производи во најголема мера се произведуваат во Македонија и од поголеми количини на домашна суровина, што се супер факти. Фила од поодамна се наши пријатели и во тоа име, со овој текст им го честитаме 14-тиот роденден и им посакуваме да слават уште многу нови родендени, а сите вас ве запознаваме малку подетално со она што го знаеме за нив.

Руска мешана салата во тегли 1

Руска мешана салата во тегли

Еднаш се прави, а се јаде преку цела зима. Особено многу ќе ви се најде штом ви се најават гости, а немате време за подготовка на мезе. Всушност и нема некој кој не ја обожава добро познатата руска мешана салата.

маст од гавез

Домашна маст од гавез против болни зглобови

Ги краси дворите, а може да ви помогне при болни зглобови! Лековитоста на гавезот е позната уште од средниот век. Благодарение на нејзините благотворни својства за лекување на болните зглобови, во последно време оваа билка станува сѐ повеќе популарна и кај нас. Истражувањето спроведено на Универзитетот во Питсбург ја потврдило народната мудрост. Тие ги докажале придобивките од гавезот во ублажување на симптомите од артритис. Па, ако страдате од болки во зглобите, направете си домашна маст од гавез.

Лиснат тарт со тиквички 1

Лиснат тарт со тиквички

Немате идеја што да подготвите да биде лесно и брзо, а воедно и вкусно? – Кога ќе го прочитате рецептот за лиснат тарт со тиквички, веднаш ќе ги „засукате ракавите“ и ќе го направите ова навистина вкусно јадење.

Пилешко со сос за скара 1

Пилешко со сос за скара повкусно отколку со стандардна маринада

Сосот за скара е вкусен и може многу лесно да се искористи за подобрување на вкусот на пилешкото или на било кое друго месо по ваша желба. Додека маринадата се користи најчесто за да го омекне, сосот за скара се впива во пилешкото, па тоа е повкусно и посочно.  Токму тоа, нè инспирира да ви кажеме што ново пробавме! – Направете си маринирано пилешко месо со сос за скара и уживајте во една поинаква димензија на вкусови и сочност кои не може да ги постигнете со стандардна маринада.

Салата од цвекло во тегли 1

Салата од цвекло во тегли

Време е за највкусната зимница, без конзерванси и приготвена со ладно цедено масло. А што има поздраво од вкусното цвекло кое изобилува со хранливи состојки и е познат сојузник на крвта? – Инспирирани од рецептот на нашата пријателка Даниела, приготвивме салата од цвекло во тегли, но овој пат со ладно цедено сончогледово масло од Фила.

Чудотворна капина – моќна против анемија, дијабетес и настинка

Чудотворната капина – моќна против анемија, дијабетес и настинка

Мали, слатки, вкусни, а толку лековити, капините претставуваат вистинска ризница на витамини и антиоксиданси кои благопријатно делуваат на целокупното здравје. Не залудно ова овошје го добило епитетот чудотворна капина. Тие помагаат при лекувањето на анемија, дијабетес, проблеми со усната шуплина, афти, грип, настинка и уште многу други здравствени состојби. Во продолжение дознајте повеќе за придобивките од капините кои ќе ве мотивираат почесто да ги користите во исхраната.