Доколку досега ви беше „страв“ да готвите свинска коленица, бидејќи немате добар и испробан рецепт, повеќе нема да имате никаков изговор за тоа.
Сте се запрашале ли некогаш кое годишно време е најдобро за детоксикација на организмот? Го знаете ли одговорот на ова прашање? – Доколку одоговоривте со „НЕ“, тогаш овој текст ќе ви ги даде одговорите. Иако секој период е добар за да се направи детоксикација на организмот, сепак некои годишни времиња едноставно не одговараат за овој процес да се спроведе во целост како што треба.
Во потрага сте по вкусен рецепт за неделен ручек со вашето семејство или пак ви се најавија гости? – Вие сте на вистинското место. Пробајте го овој рецепт за печено пилешко месо со компири кој го најдовме на блогот на нашата пријателка Лана и пријатно изненадете ги сите. Се подготвува во еден сад за готвење, па ќе заштедите на време за миење.
Вкусните и лесни чорби ни се омилени кога сакаме да јадеме нешто здраво, а не многу комплицирано за подготовка. Тие се совршен избор за здрав оброк и во лето и во зима. Изобилуваат со хранливи состојки, па се целосен оброк и го снабдуваат организмот со сè што му треба. Наш денешен избор е чорба од црвена леќа и пршута, рецепт кој го најдовме на блогот на нашата пријателка Лана и многу ни се допадна.
Омилена за салати, чувар на здравјето, но и на косата! Сигурно имате прочитано дека јаболковата киселина е добра за чистење на организмот и е лековита за целокупното здравје. Но, дали знаете дека и косата ќе ви биде благодарна доколку ја вклучите јаболковата киселина во неделната нега? Ако имате првут или сакате да направите детоксикација на скалпот пробајте го овој едноставен третман за плакнење на косата со јаболкова киселина.
Имунитетот е тој кој е заслужен за заштита од заболувања. Некои луѓе се разболуваат веднаш штом малку им застуди, додека други се многу поиздржливи. Речиси и да нема човек кој во некој период од животот не се соочил со проблеми предизвикани од ослабен имунитет. Токму затоа, на сите треба да ни е императив да постигнеме подобар имунитет, затоа што веројатноста да останеме здрави што подолго само така е поголема.
Научните истражувања покажаа дека L-Carnosine има неверојатна способност да ги подмлади клетките, да ги одржи нивните карактеристики и да им го продолжи животот. Затоа, во последните години зголемен е интересот за својствата на L-Carnosine, кој се смета за супстанца на долговечноста и се препорачува за сите возрасти, посебно за луѓе над 40 години. Со стареењето нивото на L-Carnosine во организмот се намалува, а како резултат на тоа се намалуваат когнитивните функции, подвижноста и метаболитичката контрола кај повозрасната популација. Освен тоа, се намалува функцијата на кардиоваскуларниот систем, а се зголемува ризикот од канцерогени заболувања. Токму тоа нè инспирира да истражуваме и да дознаеме повеќе за него.
Модрите патлиџани нудат бројни можности за подготовка на вкусни јадења. Тие се вкусни и кога се подготвуваат со месо, но и во посни јадења. Наш денешен предлог за ручек се полнети „чамчиња“ од модри патлиџани. Овој фантастичен рецепт ни доаѓа од кујната на Лана, а тоа е доволно за да знаете колку е вкусен.
Во последно време многу се зборува за лековитата моќ на куркумата. Па, речиси и да нема човек кој не слушнал за неа и не ја купил. Но, дали знаете како правилно да ја комбинирате и употребувате за да ги искористите хранливите состојки? – Ние сме тука да ви дадеме одговор на сите прашања со храната, да ви помогнеме во кујната и да ги зголемиме вашите кулинарски вештини. Прочитајте ги и споделете ги овие практични совети за готвење со куркума во прав.
Сите ние знаеме колку е цвеклото здрава и благородна намирница, но за жал малку е застапена на нашите трпези. Многу луѓе не го обожаваат неговиот специфичен вкус и целосно го исклучуваат од исхраната, а со тоа си ги ускратуваат сите благодети кои ни ги нуди. Но, новите зачини на Витаминка се тука да направат кулинарска магија и да ве мотивираат почесто да консумирате цвекло. Посетете го најблискиот маркет и набавете морска сол, црн пипер, ароматично оригано, а потоа препуштете се на кулинарската авантура. Направете крцкав чипс од цвекло и уживајте во есенските денови!