ликер од кафе

Домашен ликер од кафе

За ликерите често велат дека се пијалаци на дамите. Ние ги обожаваме, се собираме во друштво на вкусна дегустација и разменуваме нови идеи и рецепти. Затоа одвојте малку време за подготовка на овој ликер од кафе и поканете ги оние кои сакате да ги видите во домашна опуштена атмосфера.

Овој ликер претставува совршена фузија на кафе и малку алкохол на која никој не може да и одолее. Нека биде мотив и повод за средба и пријатно дружење со вашите пријатели. Ние ви гарантираме дека ќе се забавувате квалитетно, а муабетите ќе ви бидат многу поопуштени и повесели.

ликер од кафе

Состојки:

  • 100 г турско кафе или еспресо
  • 500 мл вода
  • 200 г шеќер
  • 100 мл домашна ракија или вотка
  • ½ лажичка мелен цимет.

Подготовка:

  1. Во сад на оган ставете го шеќерот заедно со 100 мл вода да вари околу 4-5 минути, додека се згусти и претвори во сируп.
  2. Во тенџере на оган ставете ја преостанатата вода. Штом водата зоврие прелијте го кафето и оставете го за време од 5-10 минути.
  3. Кафето процедете го низ дупла газа неколку пати.
  4. Процеденото кафе додајте го во шеќерниот сируп и добро измешајте.
  5. Потоа додајте ги ракијата и циметот, па повторно промешајте.
  6. Вака подготвениот ликер ставете го на оган да поврие 1-2 минути.
  7. Готовиот ликер од кафе оставете го добро да се излади, измешајте го уште еднаш и ставете го во стаклено шише. Ликерот чувајте во фрижидер или на темно и ладно место.

Ви препорачуваме да прочитате: Ликер од бело чоколадо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: